Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У19): С. Македонија почна со пораз од Аргентина

0
By Нова ТВ on August 6, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Светското првенство за играчи до 19 години што од 6 до 18 август ќе се одржи во Скопје. Во меч од првото коло во групата Ц, избраниците на Данило Брестовац загубија од Аргентина со 20:23.

Домашната селекција одигра две различни полувремиња во СЦ „Борис Трајковски“. Го доби првото со четири разлика (13:9), но падна во второто во кое постигна само седум гола, а прими двојно повеќе. Младите Аргентинци стигнаа до егал во 56. минута меѓутоа не запреа ниту беа запрени. Во последните четири минути, „сино-белите“ реализираа три гола за разлика од македонските ракометари кои не успеаја ниту еднаш да го совладаат Хуан Игнацио Вилјареал, па дури и од линијата за седум метри.

Најефикасен во тимот на Брестовац беше Ненад Костески со шест гола, Мартин Серафимов даде четири, а Михајло Младеновиќ три. Прв стрелец на средбата беше аргентинскиот репрезентативец, Сантијаго Гарсија Барсело со седум погодоци.

Следува ден одмор во групата Ц, а наредниот натпревар за македонските ракометари е во четврток против Нигерија.

СП во ракомет (У19) во машка конкуренција

Група А, 1 коло

Шпанија – Саудиска Арабија 36:21

Хрватска – Норвешка 32:22

Словенија – Чиле 35:30

Група Б, 1 коло

Франција – Канада 44:16

Унгарија – Тајван 38:20

Шведска – Египет 29:32

Група Ц, 1 коло

Бахреин – Нигерија 36:28

Данска – Јапонија 30:23

С. Македонија – Аргентина 20:23

Група Д, 1 коло

Германија – Португалија 26:33

Србија – Бразил 30:24

Исланд – Тунис 25:20

Аргентина Ракомет (У19) С. Македонија СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.