Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски–Дефа: Земјата напредува, фокусот на реформи за ефикасни резултати

0
By Нова ТВ on February 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 25, 2020 13:18

Државата напредува, било оценето на денешната средба на техничкиот премиер, Оливер Спасовски со Валтер Дефа, посебен советник за економија во Владата, назначен директно од германската канцеларка Ангела Меркел, при што се поздравени направените реформи и определбата за видливи промени во делот на имплементацијата.

На состанокот, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавност, било изразено и задоволство за определбата на Владата за воспоставувањето Централна единица за мониторинг во Канцеларијата на премиерот со цел поефикасна испорака на резултати во делот на клучните економски реформи. Најавена е активна помош и поддршка од страна на германскиот советник и неговиот тим. Констатирана била и заедничката важност од ефикасно воспоставен мерит систем, со фер шанси за сите.

„Заеднички е ставот дека во системот на одлучување е потребно поедноставување на процедурите и функционирање на носителите на работни позиции на база на добри проценки за компетенциите на ангажираните кадри, како и преземање одговорност за носењето брзи и квалитетни одлуки“, стои во соопштението.

Премиерот Спасовски изразил благодарност за големата помош и поддршка од германскиот советник Дефа, како и од Германија во процесот на евроатлантските интеграции и во делот на економските политики, значајни за квалитетот на живот на луѓето.

„Имаме напредок во сите области и во економијата, но силно сме определени кон примена на праксите што даваат брзи и квалитетни резултати. Покажавме континуитет на реформските процеси. Во периодот што претстои се фокусираме на значителни, позитивни, видливи промени во делот на имплементацијата на законите, усвоени по европски стандарди. Тоа носи резултати во квалитетот на испорака на услугите од институциите кон граѓаните и во квалитетот на живот на граѓаните“, рекол премиерот Спасовски.

На состанокот е договорено да продолжи продуктивната соработка со германскиот советник Дефа и неговиот тим и во делот на иновациските политики и паметната специјализација, како области на модерното време, атрактивни за работа за младите луѓе, а преку коишто е возможна ефикасна имплементација на реформите во сите области значајни за граѓаните.

Валтер Дефа напредок Оливер Спасовски реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.