Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Денес преговaравме со Беса, но не е разговарано за ресори

0
By Нова ТВ on May 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 20, 2017 19:04

Преговорите за составот на новата влада денес се воделе помеѓу СДСМ и движењето БЕСА но не е разговарано за поделба на ресори ниту пак може отсега да се каже дали БЕСА ќе биде дел од владата.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека се завршени разговорите со БЕСА а преговорите продолжуваат во наредните денови:

“Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада. Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство”, изјави Спасовски.

Според Спасовски “одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштиме во моментот кога ќе ја имаме”.

“Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме.

Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи. За нас како Социјалдемократски сојуз е важно да има принципи на основа на кои ќе биде формирана идната реформска Влада, а не на основа на условување меѓу партнерите, бидејќи тоа не е добар начин на комуникација”, изјави тој.

Утре продолжуваат преговорите со сите партии од идната владина коалиција.

Беса нова влада преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.