Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски и Царовска во најтесен круг за технички премиер

0
By Нова ТВ on December 16, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: emagazin.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2019 16:40

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска имаат најголеми шанси да ја предводат техничката Влада. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев кој, според договореното, ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари. Тој појасни дека во јавноста веќе се споменуваат овие имиња и за него тоа е многу логично бидејќи двајцата според договорот од Пржино заминуваат од Министерствата кои ги предводат.

„Ние треба да се усогласиме околу името на техничкиот премиер, за двајца дополнителни заменици министри во труд и социјала и МВР со право на вето. Веројатно до крајот на годината треба да следи и барање и предлози од опозицијата за министри во овие ресори, но и тројца заменици министри и за тоа да разговараат со власта. Очекувам на трети јануари, датум кој е на 100 дена пред избори, да се констатира мојата оставка со што престанува да функционира оваа Влада која ја водам и на самата седница на предлог на новиот мандатар кој добива мандат од претседателот на државата, да се претстави техничката влада и програмата и таа да се избере“, рече Заев и додаде дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина.

Во однос на ратификацијата на протоколот во НАТО тој повтори дека се очекува шпанската Влада да биде формирана на почетокот на јануари, а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО, така што овој парламентарен состав би можел да го ратификува пред распуштање на Собранието. Исто така, рече Заев, останува и можноста да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува протоколот, а би стапила во сила по шпанската ратификација.

„Ова го кажувам транспарентно за да не останат дилеми дека постои каква било аргументација за одложување на изборите. А зошто е ова важно, за да можат компаниите, коморите и граѓаните да си прават планови“, рече Заев.

Тој истакна дека најверојатно в четврток ќе ги има првите координации во СДСМ, а потоа и во коалицијата за да бидат донесени одлуките за техничката влада.

Зоран Заев Мила Царовска Оливер Спасовски Технички премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.