Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Ќе ги преземам сите активности да се врати довербата во МВР

0
By Нова ТВ on June 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес-конференција го осуди инцидентот, во кој со огнено оружје беше нападнат поранешниот министер за здравство и поранешен пратеник Никола Тодоров.

„Без оглед на мотивите, огорченоста и причините за ваквиот напад, правото на живот на секој граѓанин е неприкосновено право. Изминативе години системот на владеење на правото и правната држава беа срушени. Грубата политизација и партизација на виталните државни институции придонесоа граѓаните да ја изгубат довербата и да бараат начини за постигнување на правдата. Како министер за внатрешни работи ги осудувам сите кривични дела и секое нарушување на безбедноста на граѓаните и државата. Но, истовремено ќе ги превземам сите неопходни активности со кои граѓаните повторно ќе ја вратат довербата во Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.

Според Спасовски, институциите на државата мора да работат во интерес на заштита на граѓаните и почитување на правниот поредок.

„Доколку било кој носител на функција сторил кривично дело додека ја извршувал функцијата, против него ќе биде поведена соодветна кривична постапка, водејќи се од начелото на објективност и начелото на пресумпција на невиност. Упатувам повик до сите граѓани да не преземаат никакви дејствија со кои ќе го загрозат сопствениот живот и животот на другите граѓани. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите законски мерки кои се во негова надлежност за расчистување на мотивите и последиците од денешниот инцидент“, рече Спасовски.

МВР министер Никола Тодоров Оливер Спасовски пукање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.