Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Наредувам да не се постапува по телеграмата на Чавков

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 20, 2016 15:49

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски писмено реагира на телеграмата на дополнителниот заменик-министер Митко Чавков испратена до сите организациски единици во МВР.

Во телеграмата на Чавков испратена пред 2 дена, се вели дека Спасовски  незаконски ги донел Решенијата за уназадување или разрешување на раководни работни лица во Министерството.

Спасовски пак реагира дека тој како министер е задолжен за раководство со министерството, додека заменик-министерот учествува во прашањата поврзани само со организацијата на изборите.

„Согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 47 став 1), со работата на министерството раководи министерот, додека правата и обврските на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи се уредени со измените на Законот за Владата на Република Македонија од 2015 година, според кои дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во   Законот за организација и работа на органите на државната управа и  ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

Согласно ова, уште еднаш  ве известувам и ви укажувам дека согласно Законот за  организација и работа на органите на државната управа и Законот за внатрешни работи министерот е функционерот кој раководи со министерството за внатрешни работи поради што наредувам  од ваша страна да не се преземаат никакви конкретни и поединечни дејствија, а уште помалку постапување  по Телеграмата Бр.08.1-472 од 19.04.2016 година на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков.“ се вели Спасовски.

МВР Спасовски Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.