Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Од денеска се можни нови рестриктивни мерки во борбата со ковид-19

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Оливер Спасовски смета дека здравствениот систем е подготвен да се справи со најавите за поголем број заболени од коронавирусот, но апелира дека за тоа е потребна и поддршка од граѓаните кои треба да ги почитуваат сите препораки и рестриктивни мерки, а со тоа да спречат и помасовно ширење на вирусот. Тој не исклучува можност за воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, ако за тоа добијат препораки од Комисијата за заразни болести.

„Сите ресурси ги насочивме кон здравствениот систем во овој период, затоа што сметаме дека тој треба да остане стабилен во борбата со коронавирусот. Во овој период докажавме дека здравствениот систем навистина функционира. Се направија сите подготовки за да може да издржи тоа што се најавува и што ќе се случува, а се случува во сите земји. Но, колку повеќе луѓето се придржуваат кон правилата, се почитува социјалната дистанца и се намали движењето и секој од нас остане дома во наредниот период, директно се помага и на здравствениот систем“, рече Спасовски во разговор за „Слободна ТВ“.

Тој додаде дека во целиот период на борба со коронавирусот здравствените работници се на прва борбена линија, дека даваат максимум со елан и енергија за да им се помогне на сите граѓани.

„Очекувам сите заедно да ја добиеме оваа битка“, рече Спасовки.

Во однос на носењето на одлуките и рестриктивни мерки, тој потенцира дека како Влада се раководат по предлози на стручни луѓе од здравството, на епидемиолозите и што мислат дека треба да се направи  и за здравствениот систем и за граѓаните.

„Очекувам денеска да разговараме во однос на дополнителни мерки кои би биле воспоставени како рестриктивни мерки од помош во целата состојба и ако има препорака од комисијата, тоа би го направиле можеби на денешна седница на Влада“, рече премиерот Спасовски.

Тој истакна дека во моментот не сака да размислува за нападите од опозицијата, кои, како што рече, се фокусирани на освојување на политички поени. За нас, рече, во моментот приоритет е здравјето на граѓаните и фокусирани сме на тоа што треба да се направи за нивна заштита.

Влада Коронавирус Оливер Спасовски премиер рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.