Техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ, Оливер Спасовски денеска испорача очекување дека интезивните преговори со партиите ќе резултираат со голема предизборна коалиција.

„Разговараме со партии со т.н. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција. За нас е важно СДСМ, која има јасен концепт и визија за евроинтергација, економски развој и подобрување на животниот стандард, да создаде коалиција која верува во овие принципи“, нагласи Спасовски.

Тој повтори дека СДСМ има огромен коалициски потенцијал, а веќе се работи и на внатрепартиските одлуки.

„Можеме да разговара за идна коалиција со, речиси, сите политички партии и очекувам деновиве да се завршат сите тие постапки и внатре во партијата и заедно со потенцијалните коалициски партнери и ќе може да ја затвориме таа политичка приказна“, рече Спасовски.