Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спречена сензација во Париз: Шварцман како лекција за Ѓоковиќ

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 3, 2017 00:54

Аргентинецот Диего Шварцман беше на прагот на голема сензација на Ролан Гарос. На двапати водеше во сетови против Новак Ѓоковиќ кој на крајот, сепак, ја спречи. Српскиот тенисер славеше со 5:7, 6:3, 3:6, 6:1, 6:1 за опстанок на курсот за одбрана на титулата во Париз. Не само што по мечот не беше разочаран туку уверуваше дека победа во пет сета е секогаш стимулативна за продолжение на настапите.

„При освојување на сите гренслем трофеи сум имал маратонски мечеви во пет сета што ми помогнале да влезам во турнирот. Кога сте фаворит се очекува да победувате во три сета што понекогаш прави да влезете во монотонија и потребен е ваков натпревар за поттик. Сигурен сум дека ќе биде од помош во натамошните мечеви“, изјави вториот носител на Отвореното тениско првенство на Франција кој во осминафиналето ќе игра со Алберт Рамос Винолас.

Ни приближно такви проблеми во третото коло немаше Рафаел Надал, деветкратен освојувач на гренслемот. Шпанецот, во 75 триумф во Париз, загуби само еден гем во трите сета со Николоз Басилшвили (6:0, 6:1, 6:0) и нареден кој му стои на пат во Градот на светлината е неговиот сонародник Роберто Баутиста Агут.

Ролан Гарос – Комплетни резултати од натпреварувачки ден 6

МАЖИ, 3 КОЛО

Надал (4., Шпанија) – Басилашвили (Грузија) 6:0, 6:1, 6:0

Ѓоковиќ (2., Србија) – Шварцман (Аргентина) 5:7, 6:3, 3:6, 6:1, 6:1

Зебалос (Аргентина) – Гофан (10., Белгија) 4:5 (Гофан го предаде мечот)

Рамос Винолас (19., Шпанија) – Пуе (16., Франција) 6:2, 3:6, 5:7, 6:2, 6:1

Карено Буста (20., Шпанија) – Димитров (11., Бугарија) 7:5, 6:3, 6:4

Тим (6., Австрија) – Џонсон (25., САД) 6:1, 7:6, 6:3

Раониќ (5., Канада) – Гарсија Лопез (Шпанија) 6:1, 1:0 (Гарсија Лопез го предаде мечот)

Баутиста Агут (17., Шпанија) – Весели (Чешка) 6:3, 6:4, 6:3

ЖЕНИ, 3 КОЛО

Мугуруза (4., Шпанија) – Путинцева (27., Казахстан) 7:5, 6:2

В. Вилијамс (10., САД) – Мертенс (Белгија) 6:3, 6:1

Младеновиќ (13., Франција) – Роџерс (САД) 7:5, 4:6, 8:6

Кузнецова (8., Русија) – Жанг (32., Кина)

Остапенко (Летонија) – Цуренко (Украина) 6:1, 6:4

Стосур (23., Австралија) – Матек Сандс (САД) 6:2, 6:2

Башински (30., Швајцарија) – Жабер (Тунис) 6:2, 6:2

Новак Ѓоковиќ Осминафинале Ролан Гарос тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.