Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 5.103 нови случаи на ковид-19 од 20.428 тестирани материјали, а од последици на вирусот починаа 62 пациенти, е објавено на интернет страницата на српското Министерство за здравство.

Според податоците на Министерството, на болничко лекување во моментот се наоѓаат 6.657 лица од кои 277 се приклучени на респиратор. Од почетокот на пандемијата, во Србија се евидентирани 1.192.476 позитивни наоди на коронавирусот и направени се 6.492.623 милиони тестови.

Од компликации на вирусот во Србија досега починаа 10.534 луѓе. Процентот на смртност од ковид-19 во земјата е 0,88 отсто.