Ние сме трета земја во светот што потпиша договор со „Фајзер“ и ќе бидеме првите што ќе го имаме тој лек, кој има 89 проценти успешност за избегнување болничко лекување и посериозни компликации, рече Лончар.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави дека бил  потпишан договор со претставници на компанијата „Фајзер“ за дистрибуција на нивниот експериментален лек за лекување на коронавирусот. Србија е трета земја во светот што склучила ваков договор со компанијата „Фајзер“, и прва што ќе го има во употреба.

– Ние сме трета земја во светот што потпиша договор со „Фајзер“ и ќе бидеме првите што ќе го имаме тој лек, кој има 89 проценти успешност за избегнување болничко лекување и посериозни компликации, рече Лончар.