Денеска во пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива беше одржана средба со претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, јави Тв 21.

Тема на средбата на претседателите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, биле претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив била посочена борбата против корупцијата и криминалот, јавува Тв 21.

Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на 111 место, станува неминовна опозициската соработка,

Затоа, констатираа тие, потребно да се соработува со цел општините да бидат институции во служба на граѓаните, со силен и рамномерен локален економски развој, со буџетска поддршка за децентрализација во областите образование, култура и спорт, како и со тежнеење да бидат зелени општини кои ќе обезбедат чист воздух и заштита на животната средина.

Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, тројцата претседатели, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии, информира Тв 21.