Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српската листа излегува од косовската Влада

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 27, 2018 08:04

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ синоќа е депортиран во Србија, каде во Куршумлија му е укажана лекарска помош, откако вчера беше уапсен од косовската полиција, по инцидентот за време на средбата за координација на српските претставници во Косовска Митровица, за која Приштина смета дека е нелегална.

По разговорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини се огласи и Брисел со осуда за случувања и порака до властите на  Косово и на Србија, за дијалог и воздржаност и сериозност за да не дојде до ескалација на состојбата.

По завршувањето на итната седница на Советот за национална безбедност, синоќа се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека Приштина презела „брутален чин на безумие и тежок криминален акт со апсењето на Ѓуриќ, со поддршка на одделни земји“. Косовските сили ги нарече „терористи“ кои со ова сакале да покажат моќ, а Косово го нарече „тнр. држава“.

Според него сите оние кои учествувале во киднапирањето на Ѓуриќ, меѓу кои има и Срби, ќе одговараат пред српските судови.

Вучиќ во обраќањето пред новинарите изјави дека е бесмислено да се разговара за бриселскиот договор и дека одлуките за неговото продолжување ќе ги носи со „студена глава“, но и со поинакви постулати во иднина.

Косовскиот претседател Хашим Тачи посочи дека косовската полиција дејствувала во согласност со законите и овластувањата при апсењето на Ѓуриќ.

Тачи ги повика жителите на Косово на смиреност и рече дека Ѓуриќ нелегално влегол во Косово и дека овој случај не треба да ја попречува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација и помирувањето меѓу двата народа.

Но, преставниците на Српската листа во Приштина по настаните во Митровица синоќа усвоија иницијатива за напуштање на Косовската Влада.

Претседателот на косовскиот парламнет Кадри Весељи во врска со настаните изјави дека со апсењето на Ѓуриќ „Косово ги презентирала своите закони и полниот суверенитет“.

– Очекуваме од Србија да го почитува нашиот територијален интегритет и суверенитет порача Весељи.

Вооружени припадници на косовските специјални единици РОСА вчера влегоа во салата во Косовска Митровица, каде што се одржуваше најавениот „дијалог за Косово“  и со употреба на шок бомби и со присила го приведоа Марко Ѓуриќ, при што повреден  е и неговиот соработник Жељко Јовиќ, како и повеќе други лица, меѓу кои има и новинари.

Ѓуриќ по приведувањето однесен е со блиндиран автомобил и со вооружена полицијска придружба  во Приштина, каде е изведен пред судија за прекршоци, по што беше депортиран од Косово за Србија

За време на акцијата се огласија сирените за воздушна тревога, а Србите од Северна Митровица се упатија на мостот на река Ибар, а го блокираа и патот од Митровица кон Приштина.

Приштина вчера утрото најави дека нема да дозволи влез на територија на Косово на Марко Ѓуриќ и нa Никола Селаковиќ, кој е генeрален секретар во Кабинетот на српскиот претседател, како и на министерот за одбрана Александар Вулин и министерот за култура Владан Вукосављевиќ.

И косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли предупреди дека без дозвола никој не може да влезе на територија на Косово.

Вучиќ Ѓуриќ Косово Митровица Србија Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.