Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ и ЗНМ: Професионалното новинарство е јавно добро и не смее да се ограничи

0
By Нова ТВ on May 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2020 11:27

Професионалното новинарство е јавно добро што не смее да се ограничи, порачуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај, денес повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија, новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да биде ограничен. Одговорното и професионално новинарство токму во оваа кризна ситуација се покажа како клучно во насока на информирање на граѓаните“, велат од ССНМ и од ЗНМ.

Повикуваат на солидарност и поддршка, пред се од јавноста, за новинарите и медиумските работници кои во последните два месеци се соочуваат со големи здравствени, безбедносни, финансиски, но и етички предизвици, во обидот правилно и навремено да информираат за случувањата поврзани со Ковид-19 пандемијата.

„Потсетуваме дека борбата против дезинформациите кои се покажаа како особено штетни во вакви предизвикувачки времиња е можна само со производство на објективни и точни информации и транспарентна работа на Владата и на другите јавни институции. Ја потенцираме Изјавата за слобода на изразување и информирање во време на криза од Комитетот на експерти за медиумска средина и реформи при Советот на Европа во која се истакнува улогата на професионалното новинарство и независните медиуми, потребата од „специјално внимание на обезбедување соодветни услови за работа на новинарите, вклучувајќи и медицинска заштита за секоја задача поврзана со коронавирусот“, наведуваат од ССНМ и ЗНМ.

Според нив, 92. место во извештајот на „Репортери без граници“ иако е мал напредок, сè уште е разочарувачка позиција и затоа потсетуваат на минатогодишните барања по повод Светскиот ден за слобода на медиуми, односно темелни реформи во медиумскиот сектор со цел воспоставување на услови за работа на новинарите и медиумските работници преку кои би се создал амбиент за извршување на нивните работни задачи без притисоци, уцени и загриженост за нивната економско-социјална состојба.

„Потенцираме дека најавените намалувања на плати, или намалување на кадарот во некои медиуми е недозволиво, особено во услови кога повеќе од кога било е потребно новинарството и медиумите да ја играат својата улога на чувар на јавниот интерес. Без слобода на изразување, независни и критички медиуми не е можно воспоставување на функционална демократија, но и надминување на кризи како актуелната пандемија“, истакнуваат од ССНМ и ЗНМ.

СЕММ: Новинарството да биде ослободено од притисоци, а новинарите одговорни кон професијата

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод Светскиот ден на слобода на медиумите повикува на зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и на заштита на новинарите и медиумските работници во исполнувањето на нивната одговорност за професионално информирање во интерес на јавноста.

„Од круцијално значење во овој процес е да се промени дискурсот и ставот кај оние политичари, креатори на јавно мислење и центри на моќ кои медиумите неретко ги претставуваат или третираат како непријателска страна, избегнувајќи ја својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста. Од нив се очекува да ги штитат медиумите како предност и одлика на демократијата, а не како пречка или закана во нивните ставови и активности“, велат од СЕММ.

Апелираат до власта и институциите секое решение во однос на подобрувањето на состојбите во новинарството да биде направено во координација и усогласено со професионалната медиумска и новинарска заедница.

„Слободата на медиумите, пак, подразбира одговорност и стремеж за вистинито и професионално работење, низ призма на почитување на човековите права и во интерес на владеењето на правото. Од суштинско значење како во сегашната, кризна, ситуација во државата, така и во редовни околности е активната улога на професионалните медиуми во борбата против дезинформациите и неетичкото известување. И во изминатиот период праксата на СЕММ го потврдува присуството на случаи на неетичко информирање. Речиси 80 проценти од пријавените случаи во изминиве месец и половина се однесуваат на информирањето за кризата со коронавирусот, при што во 30 отсто од нив станува збор за сензационалистичко, еднострано и некоректно информирање на јавноста“, нагласуваат од СЕММ.

Во нивното соопштение се наведува дека слободата на медиумите подразбира тие да не бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, но оти искуството покажува дека праксата на одредени политичари и носители на моќ да ги искористуваат медиумите за политички пресметки и калкулации продолжува.

Во насока на поддршка на слободата на изразување и професионалното и одговорно новинарство, СЕММ во текот на мај ќе го објави конкурсот за најдобри стории со фокус на кризата со коронавирусот, а од денеска се приклучува на глобалната кампања на УНЕСКО – „Новинарство без страв или наклонетост“ чија цел е да се подигне свеста за прашањата поврзани со безбедноста на новинарите, нивната независност од политичко или комерцијално влијание и родова еднаквост во медиумите.

3 мај ЗНМ медиуми новинари СЕММ ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.