Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ: МПМ ги крши уставните права и слободи на новинарите

0
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на ноцинари и медиумски работници остро протестира против Компанијата што ги издава и печати Утрински весник, Дневник и Вест, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи, се вели во реакцијата, ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи, т.е Фејсбук, Твитер и други.

– Ставот од договор во кој на новинарите, божем им се сугерира, а де факто им се забранува да изразуваат политички ставови, во ситуација на штотуку завршен круг на отпуштања и намалени плати, не може да биде разбран поинаку, освен како уште еден начин за замолчување на новинарите, ограничување на слободата на говор и нарушување на основните права и слободи на човекот. Обидот на Медиа принт Македонија овие членови да се претстават како „светска пракса“, а потпишувањето на договорите „доброволно“  е крајно циничен и навредувачки, смета ССНМ.

ССНМ потсетува дека е точно дека многу светски медиуми имаат упатства за новинарите и вработените за нивното учество на социјалните медиуми, но станува збор за упатства, а не клаузули на договор за вработување кои по автоматизам значат дека нивното непочитување може да резултира со отказ.

– Воедно за „доброволноста“ на потпишувањето на ваквите договори доволно говори фактот што работодавачот во ситуација на непотпишан договор може да го отпушти работникот без какви и да е последици, појаснува ССНМ.

Компанијата од страна на ССНМ беше предупредена дека со тоа се крши член 6 од Законот за работни односи кој забранува дискриминација, се кршат неколку членови од Законот за заштита и спречување на дискриминацијата, но се кршат и уставните права и слободи загаранитарни во членовите 8, 9, 16 и 17.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за ова ќе ја извести и меѓународната јавност, а кон компанијата МПМ најавува дека ќе ги преземе сите мерки што им стојат на располагање за да ги поништат „ваквите уценувачки, дискриминаторски и понижувачки договори за работа за новинарите“.

МПМ новинари ССНМ уцена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.