Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставовите на Малески не кореспондираат со ставовите на претседателот Пендаровски

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ставовите за Гоце Делчев и за Крсте Петков Мисирков и за македонско-бугарските релации воопшто што професорот Денко Малески ги истакна деновиве во емисијата „Слободна зона“ на бугарската ТВ „Европа“ не кореспондираат со ставовите и размислувањата на претседателот Стево Пендаровски. Со ваква порака се огласија од Вила Водно по големата прашина што се крена во домашната јавност и лавината критики и осуда за Малески кој воедно е надворешен советник на Пендаровски.

„Професорот Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски кој има уште двајца надворешни соработници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа. Освен со споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на преетседателот Пендаробски за македонско-бугарските односи“, се вели во соопштението од претседателскиот Кабинет.

Од таму додаваат дека тоа не значи оти претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески, бидејќи како што е наведено во реакцијата „одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и на премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“.

Малески, кој беше и прв министер за надворешни работи по осамостојувањето на Македонија од СФРЈ, во гостувањето во „Слободна зона“ на ТВ „Европа“ зборуваше за отворените прашања на земјата со источните соседи, сподели лични видувања за дел од нив, но и за начинот за избегнување на евентуално вето од Бугарија во македонските преговори за членство во Европската Унија.

За Крсте Петков Мисирков рече дека бил Бугарин, меѓутоа со многу јасни мотиви зборувал за национален сепаратизам што го објаснил во книгата „За македонските работи“.

„Тој (Крсте Петков Мисирков) е Бугарин, очигледно, кој зборувал за национален сепаратизам и затоа бил критикуван. Мотивите му биле јасни. Има едно добро научно објаснување во таа негова книга „За македонските работи“ која е полна со еден збор кој е карактеристичен за модерната научна мисла. Цело време низ таа мала книшка провејува зборот „интереси“. Кои се интересите на големите сили, кои се интересите на Македонија, кои се интересите на соседните земји. Ништо од тоа не се остварува, Балканските војни се случуваат и кога фондацијата „Карнеги“ испраќа комисија да ги истражи војните, тие во книгата пишуваат: Да, сигурно најдобро ќе беше оваа територија, на последната европска провинција на Отоманското царство, да беше прогласена за посебна држава, како и другите балкански земји. Се разбира, мултиетничка држава“, рече Малески.

Водителот на емисијата потоа праша „зошто Гоце Делчев се наметна како спор , иако тој се самоопределил како Бугарин“ на што Малески вели дека „неговото бугарско национално чувство не може да се порекне, но дека треба да се земе предвид и колку тој се залагал за Македонија, земјата на која живеел“.

„Тоа е точно. Тој се определил како Бугарин, но треба да се знае дека тој е роден во една мултинационална заедница каква што била Македонија во тоа време. Тој имал чувство за еден силен локалпатриотизам кон Македонија својата земја, за која се борел, за Македонија. Според тоа, не може да се порекне неговото бугарско национално чувство, бидејќи тоа сам го кажувал, но исто така, треба да се земе предвид колку тој се залагал за земјата во која живеел. И фактот дека тој бил социјалист кој немал некои големи симпатии кон бугарскиот двор“, додаде Малески.

Гоце Делчев Денко Малески Крсте Петков Мисирков Македонија Македонско-бугарски односо претседател реакција Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.