Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефоска: Со чествувањето на Блаже Конески, ги негуваме љубовта кон земјата и културата на мирот

0
By Ivana on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 11:03

Кога го чествуваме Блаже Конески, ние ја чествуваме убавината – преку неговата уметност, потоа високата морална свест и супериорноста на разумот, знаењето и доблеста како и највисокиот степен на еманципација, ја чествуваме извонредноста во работата и работната етика. Ги чествуваме човечноста, толеранцијата, ширењето на културата на мирот и, конечно, љубовта кон својата земја, оти само преку таа љубов, но во комбинација со темелното знаење, и Блаже станал (не патриот), туку граѓанин на светот – истакна министерката за култура, Ирена Стефоска, на промоцијата на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусиот запис за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура.

Министерката Стефоска, на промоцијата што се одржа во дворот на Министерството за култура, се осврна и на сето она што го создал големиот Конески, во книжевната наука, во лингвистиката, во поезијата, во фолклористиката, во славистикат. Сето тоа, како што рече, покажува дека тој бил мислител кој успевал секогаш со едноставен јазик да ги искаже есенцијалните нешта на нашиот културен индентитет.

Таа пред присутните прочита и извадок од есејот „Мигот“ од Блаже Конески нагласувајќи дека тој е човекот кој суштински придонесува македонскиот јазик и македонската книжевност да станат дел од, како што вели тој, светскиот литературен процес.

Со годината посветена на Блаже Конески, како што рече министерката, пак, сакаме да ги зачуваме и да ги пренесеме на идните поколенија неговите постигнувања и неговиот етос: стремежот кон извонредност во науката, неговата уметност во поезијата  – сето тоа што е целосно и посветено на македонскиот јазик и култура.

Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. 

Блаже Конески држава јазик култура Стефоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.