Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевановиќ: Сега се соочуваме со лица без сериозни симптоми за разлика од претходно

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 10, 2020 10:51

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби, Милена Стевановиќ во синоќешното гостување на „Топ Тема“ на ТВ Телма изјави дека за разлика од претходно кога се соочувале со пациенти во исклучително тешка состојба, сега се соочуваат со лица со полесни ковид симптоми. Според неа, ова се должи на апелите кои здравствените власти ги испратија преку медиумите.

„Мислам дека благодарение на апелите пренесени преку медиумите многу значајно и сериозно да се следат пациентите, а тоа матичните лекари навистина многу успешно го организираат и го следат во колерација со колегите инфектолози во нашата клиника кои се на телефон редовно. Пациентите редовно се преслушуваат и се следат нивните симптоми. Но, денеска мислам дека стравувањето го чини своето. Овие информации мислам дека стигнуваат се поинтензивно до луѓето, па неретко доаѓаат и пациенти кои имаат далеку полесна симптоматологија и дури и немаат потреба да бидат хоспитализирани. И тоа е добро, затоа што тоа значи дека луѓето почнуваат сериозно да ја сфаќаат работата, иако мислам дека досега тоа требаше да се случи и да бараат помош. Многу е значајно лекарско око да го следи пациентот кој има Ковид-19“, потенцираше Стевановиќ.

Стевановиќ притоа рече дека сите верски лидери во светот многу сериозно ја сфатија улогата на гласноговорници за нивните верници и додаде оти има впечаток дека во овој дел имаме потфрлено.

„Нашите традиции се специфични, нашите навики се специфични. Традицијата ја прави богата и шаренолика оваа земја. Но, навистина денеска, овој момент, овие три месеци требаше да застанеме да ја паузираме оваа традиција на момент за да бидеме одговорни кон себе, кон сопственото здравје и здравјето на нашите најмили. Она што беше наша одговорност е да препорачаме и да кажеме што е најпаметно во даден момент секако вклучувајќи ги и олеснувањата на рестрикциите секако надевајќи се дека тие мора да бидат и понатаму почитувани. Секаде каде што се опуштија повеќе препораките за олабавување на мерките рестриктивни се зголеми извесно бројот, но сметам дека кај нас придонесоа навистина радикално непочитување на мерките кои траат многу подолго време и нè донесе во овој сериозен ризик“, истакна Стевановиќ.

Таа додаде дека со или без препораки, но и со високи или ниски рестрикции, ако не се почитуваат препораките и не се санкционираат, резултатот со бројот на заболени ќе биде ист.

Инфективно Ковид-19 Коронавирус Милена Стевановиќ пациенти Симптоми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.