Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Членот 5 од Повелбата на НАТО ќе стане обврска без разлика на законот за одбрана

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со евентуалното неусвојување на нов закон за одбрана и дали тоа го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, потсети дека Северна Македонија секако ќе биде обврзана да го почитува. Членот пет во Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата и тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

„Членот пет за колективна одбрана ќе стане обврска што произлегува од договорот, штом Северна Македонија стане полноправна членка. Ние го потпишавме пристапниот Протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска“, изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Северна Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што во новиот закон се користи уставното име на земјата – Северна Македонија. Во сегашниот закон, армијата е на „Република Македонија“, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претставува проблем за полноправното зачленување на Северна Македонија во Алијансата. Од правен аспект, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право.

Јенс Столтенберг Македонија НАТО Повелба членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.