НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг на ратификацијата на Протоколот за НАТО во македонското Собрание

0
By Нова ТВ on January 30, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонското Собрание ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО на седница 11 февруари, ден пред распуштање на актуелниот парламентарен состав поради предвремените избори што се закажани на 12 април. Ова го потврди собранискиот спикер, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Покани за присуство на седницата ќе бидат испратени во лидерите на политичките партии, до сегашниот претседател на државата, Стево Пендаровски, до неговите претходници, Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, до Стојан Андов, Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски како поранешни претседатели на законодавниот дом.

На свечената седница ќе биде поканет и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, претставници на дипломатскиот кор во земјава, претставници на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), претседателите на земјите членки на НАТО од регионот – Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија и Албанија.

За ратификација на Протоколот за членство во НАТО со одложено дејство се потребни 61 глас.

Усогласен закон за ЈО веднаш ќе оди на собраниска седница 

Џафери најави дека усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство, и по содржина и со договорено мнозинство, веднаш ќе оди на собраниска седница за што, како што рече, „има таква деловничка можност. Потсети дека таков закон има на дневен ред на 108. седница и оти за него има усогласено триесетина амандмани. Но, сепак, нагласи дека се зависи од волјата на парламентарниот состав.

„Закон за јавно обвинителство веќе е на дневен ред на 108. седница уште од лани. За тој предлог имаше околу 60 амандмани. Дел од тие амандмани беа усогласени во таа постапка. Најавите се дека ќе има нов предлог. Собранието не работи по најава, туку по конкретен предлог. Оној момент кога ќе добијам нов предлог ќе бидете навреме информирани“, рече Џафери.

Процедурално, појаснува тој, или може да продолжи 108. седница по таа точка или да се оди со нов текст на закон.

„Во редовна постапка не може да се стигнат процедурите за да се донесе нов текст на закон, но може по скратена постапка. Под претпоставка дека е усогласен текстот од сите политички партии, тоа значи дека сите се согласни да обезбедат соодветно мнозинство што е потребно, односно минимум 80 гласа „за“. Во контекст на процедурата тоа може да се спроведе за еден ден затоа што Деловникот дозволува свикување седници и во пократок рок од десет дена и тоа значи дека може да се свика седницата веднаш штом се достави предлогот“, рече Џафери.

Законот за одбрана не е предуслов за НАТО, но пожелно е да се донесе

Во официјална посета на македонскиот Парламент на 10 и 11 февруари ќе биде претседателот на словенечкиот Парламент, кој ќе има и свое обраќање пред пратениците. За чинот на ратификација тој ќе биде поканет во својство на претставник на земја-контакт за нашето членство за НАТО.

Претседателот на Собранието не одговори дали до распуштањето на Парламентот на 12 февруари ќе се донесе Предлог-законот за одбрана, што ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува поради промена на името на Армијата во Армија на Република Северна Македонија. Џафери истакна дека овој закон не е услов за нашето членство во Алијансата, но оти е пожелно да се донесе. Факт е дека опозицијата и власта разговараат, но информациите треба да се бараат од кај нив.

„Прво и основно, Законот за одбрана не е предуслов затоа што никој не кажал во НАТО ниту во 2008 година ниту подоцна дека предуслов за нашето членство таму е Законот за одбрана. Условот беше спорот со соседите и кое го надминавме и врз база на што при крај е процедурата за ратификација на Протоколот онака како што е пропишано со правилата за оценување на НАТО“, изјави Џафери.

Пожелно е да се донесе Законот за одбрана, смета тој, затоа што од членувањето на НАТО, според принципите за одлучување во Алијансата, надлежностите би требало да се пренесат во Владата поради брзината на одлучување, посебно на одлуките што се однесуваат на мисиите на НАТО кои според факторот време е еден од најважните за спроведување на една мисија.

„Од тој контекст е пожелно да се донесе, но да не се претвориме сами себе си предуслов кој што не ни го одредува никој“, рече претседателот на Парламентот.

Џафери на средбата со новинарите информираше и за новата средба во рамки на Жан Моне процесот, како и дека утре ќе ги прими претставниците на еколошките здруженија кои најавија протест пред Парламентот.

Собранието, имајќи ги предвид најавите за предвремени парламентарни избори на 12 април, се очекува да се самораспушти на 12 февруари, а ден подоцна, Џафери ќе ги распише изборите.

Измените на Деловникот за работа на Собранието, најверојатно во аманет на наредниот парламентарен состав

Измените на Деловникот за работа на Собранието најверојатно ќе треба да ги донесе наредниот парламентарен состав. Џафери очекува напредок, но не очекува да биде постигнат договор за отворените прашања во рамки на средбата на процесот „Жан Моне“, што утре и задутре ќе се одржи во Парламентот. Средбата ќе се одржи со новите европратеници, известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, и европратениците Андреас Шедер и Марион Валсман.

Џафери информира дека се спорни прашањата за промена на името на државата во Деловникот, начинот на избор на Генералниот секретар на Собранието. Исто така, се бара и двотретинско мнозинство за гласање при потребата за донесување на закони по скратена постапка, а ќе се разговара и за календар за работа на Собранието. За двотретинско мнозинство за законите по скратена постапка, Џафери вели дека е спорно и неуставно, но, исто така, дека кај нас е проблем воспоставување календар за работа на Парламентот од повеќе причини, но најважното е дека нашето Собрание е во постојано заседание.

Ќучук, Шиедер и Валсман ќе имаат средба со лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса, но и со евроамбасадорот Самуел Жбогар. Европратениците и Џафери в сабота ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за исходот од разговорите на оваа трета средба во рамки на процесот „Жан Моне“.

„Жан Моне“ процесот е алатка на Европскиот парламент во областа на парламентарната медијација и поддршка на демократијата во ЕУ.

Јенс Столтенберг НАТО Протокол Собрание Таларт Џафери членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.