Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Потребна ни е силна и подготвена германска армија

0
By Соња Крамарска on December 1, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Германија да продолжи да ги зајакнува своите вооружени сили, во услови на изменета безбедносна средина.

„Одлуката на Германија за значително зголемување на трошоците за одбрана е историска со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници“, рече Столтенберг пред учесниците на безбедносната конференција во Берлин. „Ова е навистина пресвртница, која ја одразува нашата променета безбедносна средина“, рече тој алудирајќи на руската војна против Украина.

„Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер. Тоа е важно за безбедноста на Германија, важно е за безбедноста на Европа и важно е за глобалната безбедност“, рече Столтенберг кој исто така ја истакна важноста на одбранбената индустрија во Германија.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, генералниот секретар на НАТО повика да се продолжи и да се засили поддршката.

„Не треба да ја потценуваме Русија. Руските проектили и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, цивилите и критичната инфраструктура, предизвикувајќи огромно човечко страдање со почетокот на зимата“, рече тој.

Столтенберг ја поздрави финансиската, хуманитарната и воената помош на Германија за Украина, велејќи дека таа прави разлика на бојното поле.

Тој ја искористи можноста да го повтори својот повик да се застане на патот на авторитарните режими како Русија.

„Не може да има траен мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата. Така, најдобриот начин да се поддржи траен мир е да се поддржи Украина“, рече првиот човек на Северноатлантската алијанса.

Извор: МИА

Војна во Украина Германија Јенс Столтенберг НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.