НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотици илјади евра за советници: Владата објави кого плаќал Груевски

1
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата денеска преку соопштение објави список на советниците и надворешните соработници на поранешниот премиер Никола Груевски и нивните плати. На списокот што им е доставен на медиумите, се наоѓаат имињата на 91 луѓе, кои како што се наведува од прес службата на Владата, биле советници и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски од 2010 до 2016 година.

Сепак од Владата тврдат дека недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, па според тоа и оваа бројка од 91 советници и надворешни соработници, не е финална.

Според пресметките на Владата, сите овие ангажирани луѓе, годишно чинеле 1,73 милиони евра.

Сепак, во соопштението се наведува дека овие податоци не го опфаќаат периодот од 2006 до 2010 година, кои се уште не се обработени поради, како што се наведува, обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање.

На овој список е и името на актуелниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во чиј договор како што се наведува нема наведена сума туку само дека бил ангажиран со надомест со коефициент 1.8. на Никола Груевски, но со доаѓањето на Емил Димитриев, овој договор е заменет со нов како надворешен соработник за енергетика.

Меѓу оние кои биле ангажирани за неколку илјади евра годишно, е Роберт Валтер, поранешен известувач за постмониторинг дијалогот на Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 2010 година до 2015 година, како советник бил ангажиран за 7.000 евра месечно. Неговото име се најде во извештајот на независното тело кое ја истражуваше корупцијата меѓу пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, каде се истакнува и фактот дека кога го склучил договорот со македонската Влада, Валтер бил  член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и ја оценувал ситуацијата во Македонија. Тој бил во контакт и со претседателот на македонската делегација во ПССЕ, кој одбил да даде изјава пред истражителите за улогата што ја имал Валтер.

Дополнително на тоа, консултантскиот договор со Валтер бил склучен во период кога во Стразбур се избираше судија од Македонија за Судот за човекови права и беше избран Јован Илиевски, баџанак на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Во извештаите што ги пишувал тогаш до Владата, а кој беа објавени во емисијата „360 степени“, Валтер  нотира дека тие денови бил во Стразбур и вршел консултации но не наведува конкретно каква работа завршил. Јован Илиевски беше избран за судија во Судот за човекови права во Стразбур со 106 гласа од парламентарците на земјите членки на Советот на Европа, а уставната судијка Наташа Габер Дамјановска, која исто така беше предложена доби 86 гласови.

На списокот што го објави Владата се наоѓаат и Влатко Илиевски, сопруг на екс министерката Гордана Јанкуловска, Срѓан Керим, сопственик и извршен директор на МПМ, во чија сопственост беа сега згаснатите весници Дневни, Утриснки весник, Вест и Теа модерна и порталот Телеграф,  актерот Сенко Велинов,  професорите Бранислав Саркањац и Владо Поповски. Како што претходно беше објавено, еден од советиците на Груевски бил и Александар Никовски, син на екс амбасадорот Ристо Никовски, кој  најжестоко ја бранеше политиката на претходниот режим, кој бил ангажиран за 3.000 евра месечно.

На списокот има и неколку имиња на странски државјани кои биле ангажирани за неколку илјади евра за совети од различни области. Словенечкиот експерт за туризам Марјан Хрибар, поранешен директор на директоратот за туризам на Република Словенија, потоа претставник на таа земја во ЕУ Комитетот за туризам, претседател одговорен за Европа на Светската туристичка организација при Обединетите Нации и генерален директор за туризам и интернационализација во Министерството за економија на Република Словенија го советувал Груевски за 2.500 евра годишно, Џорџ Р. Пери за 5.000 американски долари месечно, како експерт во автомобилската индустрија, а негова задача била да соработува со врвни компании за промоција на предностите и можностите кои ги нуди Македонија на потенцијалните странски инвеститори. Целта била да привлече странски инвеститори од автомобилската и другите индустрии ориентирани кон европскиот пазар, Израелецот Џошуа Глајтман за 26.000 американски долари годишно плус сите останати трошоци за патување и престој и Колин Џефри за 4.000 евра месечно.

Џефри во Македонија стана многу повеќе познат откако почина во скопскиот хотел Супер 8, отколку како човек кој донел инвестиции во земјава. Тоа е човекот чија смрт направи паника во Скопје дека починал од ебола, а потоа се испостави дека всушност имал проблеми со желудникот. Негова задача, според договорот, била остварување контакти со странски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија, комуникации со економски тела, стопански комори и бизнис асоцијации, организирање настани за промоција на Македонија и соработка со министрите во македонската Влада.

За ангажманот на овие лица, НОВА објави истражување лани во септември.

 

Марјан ХрибарМесечно 2500 Евра
Јехоша Шуки Глајтманнадворешен соработник  надоместок Годишно  26.000 американски долари. Покрај надоместоците, на надворешниот соработник му се обезбедуваат патни трошоци, трошоци за исхрана и хотелско сместување за време на неговиот престој во РМ
Александар НиковскиМесечно 3000 Евра
Роберт ВалтерМесечно 7000 Евра
Христијан Мицкоскиангажиран со надомест со коефициент 1.8. на Никола Груевски. го менува договорот со наредниот премиер Емил Димитриев во надворешен соработник за енергетика (нема сума на договорот)
Колин ЏефериМесечно 4000 Евра
Џорџ Р. ПериМесечно 5000 американски долари

 

Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски, од Владата велат дека има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Се работи за 4 договори со вкупна вредност од  569.000 евра или 34,99 милиони денари.

Во продолженние е листата на сите ангажирани советници и надворешни соработници во кабинетот на екс премиерот Никола Груевски.

  1. Азир Алиу
  2. Александар Ѓорѓиев
  3. Александар Митов
  4. Александар Никовски
  5. Ана Блажеска
  6. Антонио Пеков
  7. Бојан Петровски
  8. Бранислав Саркањац
  9. Вања Христовска
  10. Василка Габер
  11. Вера Димитриева
  12. Весела Костовска
  13. Виктор Михајловски
  14. Виктор Новаковски
  15. Виолета Марковска
  16. Владо Поповски
  17. Влатко Илиевски
  18. Горан Лазов
  19. Горан Мојсовски
  20. Горан Торбаков
  21. Горан Устијаноски
  22. Данче Сотироска
  23. Дарко Ангелов
  24. Дебора Лакаордова
  25. Дејан Бујишиќ
  26. Дејан Герасимовски
  27. Димитар Самарџиевски
  28. Димитар Трифуновски
  29. Димче Лазаревски
  30. Дино Стеријевиќ
  31. Ѓоко Николовски
  32. Елена Ивановска
  33. Елена Новачка
  34. Елизабета Панговска
  35. Иван Стојановски
  36. Ирена Лесовска
  37. Исмет Османи
  38. Јана Глигоровска
  39. Јасмина Апостолска
  40. Јасминка Васкова Ташкова
  41. Јордан Поповски
  42. Јехошуа Шуки Глајтман
  43. Катерина Димовска
  44. Кенан Абди
  45. Колин Џефри
  46. Коче Гаврилов
  47. Кристијан Арсов
  48. Крсте Маљановски
  49. Лазо Трпков
  50. Луке Галески
  51. Љупчо Ефремов
  52. Марија Апостолова
  53. Марија Влашчева
  54. Марија Ивановска-Гуговска
  55. Марија Јакимовска
  56. Марина Ефремовска
  57. Марјан Хрибар
  58. Мартина Антиќ
  59. Мартина Тевчева
  60. Мери Атанасовски
  61. Методиј Хаџи Васков
  62. Милош Стокуќа
  63. Мирвет Рамадани
  64. Мичо Апостолов
  65. Наталија Пешиќ
  66. Ненад Коцевски
  67. Панче Кралев
  68. Перо Китановски
  69. Огнена Никуљска
  70. Роберт Валтер
  71. Розета Видоеска
  72. Розета Трајан
  73. Сања Димитриевска
  74. Саша Грујевски
  75. Сашо Павлоски
  76. Сашо Стефановски
  77. Сенко Велинов
  78. Славе Веловски
  79. Славица Тодорова
  80. Слободан Тодоровски
  81. Слободан Трчков
  82. Соња Тодороска
  83. Срѓан Керим
  84. Тања Костовска
  85. Татјана Арсова
  86. Тео Вајгел
  87. Тодор Теменуговски
  88. Фиданчо Велиновски
  89. Христијан Мицковски
  90. Христина Костовска Радинска
  91. Џорџ Пери

 

 

 

Груевски совбетници список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.