Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск

0
By Zoran Ivanov on April 6, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 6, 2025 15:18

Стотици илјади луѓе учествуваа на повеќе од 1.400 протести низ сите 50 сојузни држави на САД против претседателот Доналд Трамп и американскиот милијардер Илон Маск, кој е на чело на Одделот за ефикасност на владата – ДОГЕ.

Медиумите објавија дека милиони луѓе учествувале на протестите, организирани од продемократското движење.

Организаторите на демонстрациите велат дека се против, како што го нарекуваат, „непријателско преземање“ и напад врз американските права и слободи од страна на Трамп и Маск.

Протести се одржаа во главните градови на американските држави, федералните згради, канцелариите на Конгресот, централата за социјално осигурување, парковите и градските сали низ САД.

Организаторите на протестот ги поканија сите кои се противат, меѓу другото, на нападите врз демократијата, кратењето на работните места, депортацијата на мигрантите и отстранувањето на правата на ЛГБТК заедницата, да се приклучат на демонстрациите.

Организаторите на протестот вклучуваат, меѓу другото, организации за граѓански права, ветерани, групи за правата на жените, работнички синдикати и групи за правата на ЛГБТКју.

Од 28 март, Трамп отпуштил најмалку 121.360 вработени во федералната агенција, според Си-Ен-Ен.

Според организаторите, околу 150 активистички групи се пријавени за учество на протестите.

Некои демонстранти носеа украински знамиња, додека други носеа палестински кефии и натписи „Слобода за Палестина“.

Помошникот на прес-секретарот на Белата куќа, Лиз Хјустон ги оспори обвинувањата на демонстрантите дека Трамп има за цел да ги намали трошоците за социјалното осигурување и Medicare за ранливите.

Додека протестите продолжија низ целата земја, Трамп го помина денот играјќи голф на Флорида.

Протести против Трамп и Маск се одржаа и во повеќе европски градови, меѓу кои Берлин, Франкфурт, Лондон и Лисабон.

 

Маск протести САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.