Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската делегација од Вашингтон се враќа со американски грант од 40 милиони долари за модернизација на Армијата

0
By НОВА ТВ Terziova on June 3, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На стратешкиот дијалог во САД кој почна со сесија за одбраната, беше потврдена дополнителна финансиска поддршка од САД за оваа година во процесот на модернизација на Армијата, од 40 милиони долари.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето воведно обраќање порача дека САД три декади се наш најблизок партнер и во развојот и во процесот на евроатлантска интеграција.

Денешната нова безбедносна реалност во Европа, подвлече Петровска, повикува на уште поблиска и уште поинтензивна соработка со една цел – мир, безбедност и стабилност на евроатлантската област.

Модернизацијата на Армијата е круцијална и е на вистинскиот пат, а посветеноста на двете Армии за организирање на заеднички вежби и обуки кои се најдобриот начин да достигнеме целосна интероперабилност и континуирана подготвеност ќе се интензивира уште повеќе, беше речено на сесијата наменета за одбраната, во рамките на стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, во Вашингтон.

„Неоправданата руска агресија врз Украина ја промени безбедносната архитектура. Економските последици по пандемијата на корона-вирусот и незадоволството со пролонгирањето на европската интеграција можат дестабилизирачки да делуваат на Западниот Балкан и затоа потребна е интензивна активности и силен фокус на овој регион од Европа”, рече министерката. Таа додаде дека интеграциските процеси на Балканот веќе дадоа видлив резултат – членството на Северна Македонија во НАТО имаше силен стабилизирачки ефект на регионот, што е особено видливо денеска во оваа нова безбедносна реалност.

Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер која ги водеше разговорите за одбраната од американска страна, порача дека напорите за развој на армиските капацитети се за пример, што може да се види и преку инвестирањето во нова и софистицирана опрема согласно планирачкиот процес на НАТО и стандардите на Алијансата.
Купер истакна дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на Армијата и дека само оваа година се планира вложување од дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333.

Македонската министерка за одбрана Петровска рече и дека Владата и Министерството за одбрана остануваат цврсто на ставот за раст на одбранбениот буџет кој годинава изнесува 1,77 проценти од БДП, а според плановите треба да достигне 2% до 2024 година, вклучително и на одредбата 20 проценти од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација. Министерката информираше дека во фокусот е и Лесната пешадиска баталјонска група, од која еден значаен дел – Лесниот пешадиски баталјон годинава доби позитивна оценка на НАТО оценувањето и е „борбено способен”.
Во контекст на модернизацијата, министерката се заблагодари за финансиската учество од САД во набавката на новите лесни оклопни транспортери кои значајно ќе влијаат на подобрувањето на капацитетите на Армијата.

Петровска и Купер разговараа и за продолжувањето на заедничките обуки и вежби, особено имајќи го предвид успехот на неодамна завршената вежба „Swift Response 22″ која уште еднаш покажа какво е значењето на армискиот полигон „Криволак” кој ќе продолжи да се развива и во иднина. Во таа насока, министерката Петровска изрази подготвеност за учество на припадниците на Армијата во вежбата „Defender Europe 23″ планирана за следната година.
Соговорничките во рамките на стратешкиот дијалог во одбраната се осврнаа и на сајбер – безбедноста, при што укажаа на опасноста од хибридните закани, вклучувајќи ги и дезинформациите. Министерката Петровска изрази задоволство што веќе сме во фаза на развој на капацитети за справување со дезинформации и тоа токму со американска поддршка.
Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Купер порача дека и во оваа област САД ќе ја поддржат Северна Македонија, со експертска помош, како и со финансиска помош од 4,5 милиони долари преку програмата 333, наменети за градење на капацитети за сајбер одбрана.

армија дијалог Македонија одбрана САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.