Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страв од корона-вирусот: Вухан се претвори во град на духови

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2020 10:00

Вухан, метропола со 11 милиони жители, е претворен во забранета зона поради корона-вирусот. Не возат автобуси, нема трамваи, запрен е авионскиот сообраќај. На приодните патишта има блокади. Милиони луѓе се заглавени во градот, не смеат да излезат од него. Најдобро би било воопшто и да не излегуваат од своите домови, а кога мораат – тоа да го прават со заштитни маски. Во спротивно се закануваат казни. Драстичните мерки би требало да спречат натамошно ширење на белодробното заболување.

Улиците се празни. Пазарите и трговските центри исто така. Изолацијата е мерка каква што досега не е преземена. „Ова е првпат во поновата историја“, вели Јонас Шмит-Ханазит од институтот „Бернард Нохт“. Слично нешто не ѝ е познато досега ниту на Светската здравствена организација, изјави нејзин портпарол.

Фото: bangkokpost.com

Вухан наликува на град на духови – сценарио како од научнофантастичен филм кое наеднаш стана реалност. Во болниците има наплив од пациенти со треска и заболувања на дишните патишта. Прашањето кое што очајно се поставува е – што од тоа е нормална настинка, или сезонски грип, а што ново белодробно заболување? – Лекарите и медицинските сестри, маскирани во бела заштитна облека, се префорсирани. Тие мора дома да враќаат пациенти затоа што немаат доволно кревети.

„Состојбата е многу опасна. Еден пријател кој работи во болница ми се јави вчеравечер и ми советуваше брзо да го напуштам градот, затоа што ќе стане навистина многу сериозно. Вработените во болниците веќе не постигнуваат“, вели Ву Чао, менаџер на ланец за безалкохолни пијалоци кој е многу загрижен и од пријателот добил предупредување дека болеста дури сега навистина ќе се шири.

Фото: cnbc.com

Градската управа прво премолчувала информации до моментот кога тоа станало веќе невозможно, уверен е менаџерот. Болниците на почетокот на инфекцијата одбивале болни со кашлица и висока температура.

„Ако пациентот можел уште да се движи, не бил приман или изолиран. Едноставно бил праќан дома за да се одмора. Сега е многу сериозно“, нагласува Ву Чао.

Првите инфекции на средината од декември се појавиле на пазар во Вухан, на кој покрај риба се продаваат и диви животни. И вирусот Сарс во 2002-2003 година потекнуваше од животинскиот свет (цибетка, која припаѓа на видот мачки), кои денес сè уште се продаваат како егзотичен деликатес на вакви пазари. Како воопшто да немало пандемија, во која тогаш беа заразени 8.000 луѓе, а починаа речиси 800.

Фото: inquirer.com

Сега повторно се шири нов вид вирус и тоа во цела Кина, а со авионските летови и во странство. Веќе се регистрирани 600 инфицирани луѓе ширум Кина, од кои 15 починаа, главно постари лица кои имале и други болести. Како и пред 17 години, и сега, неопходно се посегнува по невообичаени мерки.

Градската управа во текот на ноќта објави дека Вухан, кој инаку е голем индустриски центар и важен сообраќаен јазол во срцето на Кина, ќе биде изолиран. Денеска следуваше и изолација на соседните метрополи Хуанганг и Ежоу. Погодени се вкупно околу 20 милиони луѓе.

„Тоа го видов во пет часот наутро и бев изненадена. Забраната за патување малку ме шокираше“, вели Жанг Лин, професорка на универзитетот во Вухан.

Фото: elpais.com

Нејзините родители всушност дошле во Вухан за да направат некои лекарски прегледи.

„Но, болниците сега се опасни места. Едноставно да избегаат повторно дома, во соседната провинција Хенан, сега не е можно. Заглавени сме во Вухан и не можеме да го напуштиме градот“, вели професорката и признава дека е во паника.

Расположението во нејзиното семејство е лошо, вели таа, и тоа токму пред прославата на кинеската Нова година, најважниот семеен празник во Кина, кој од сабота се слави практично цели две недели.

Фото: businessinsider.com

За односот на властите со заразата се дискутира контроверзно. При сета недоверба, главно владее единственост во ставот дека е подобро во споредба со пандемијата на Сарс во 2002/2003, која на почетокот со недели беше забошотувана. Овојпат информациите се разменуваат побрзо, има поголема транспарентност. Но, се потпрашува и дали на локално ниво секогаш се кажува целата вистина, особено кога се работи за опасноста од пренесување на инфекцијата од човек на човек.

Лекари од големите болници во Вухан за реномираниот магазин „Сајшин“ велат дека бројот на инфицирани, според нивни проценки, би можел да се искачи на повеќе од 6.000 лица. Од страна на надлежните досега нема изјави. Населението е збунето.

Фото: cnn.com

„Не знам што е точно, а што не. Некои луѓе се задоволни, други мислат дека градската управа на Вухан малку куца“, вели професорката Жанг Лин за политиката на информирање.

Некои веројатно и знаат малку повеќе од други. „Некои мои роднини се службеници и веќе со денови знаат за официјалната најава за изолација на градот. Моите братучеди го напуштија градот уште во понеделникот“, го цитира весникот „Јужнокинески морген пост“, Алекс Ванг од Вухан.

Вухан Карантин Кина Корона-вирус мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.