Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија: Рестриктивните мерки во Франција спасиле над 60.000 човечки животи

0
By Нова ТВ on April 23, 2020 СВЕТ
Фото: hrw.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според истражување на епидемиолози од Школата за високи студии за јавно здравје во Франција, рестриктивните мерки во борбата со ковид-19 спасиле 61.700 животи во земјата од кои 15.000 во Париз и околината и 7.700 во источниот дел, региони кои беа најпогодени од епидемијата.

Без ограничувачките мерки, епидемијата ќе продолжеше да се шири и од коронавирусот ќе зафатеше 23 отсто од населението во тој период, повлекувајќи појава на тешки случаи кои немаше да може да бидат примени во болниците.

Според студијата, ако немаше ограничувачки мерки, на околу 670.000 лица ќе им беше потребно болничко лекување или за околу 140.000 сериозни случаи ќе беше потребна интензивна нега. Само за парискиот регион ќе беа потребни 30.000 кревети на интензивна нега, а во цела Франција пред епидемијата имаше само околу 5.000. За споредба, кога беше достигнат пикот на епидемијата на 8 април на интензивна нега беа сместени 7.148 пациенти.

Студијата, исто така, проценува дека меѓу 19 март и 19 април можеле да починат 73.900 лица, наместо 12.200, односно ограничувачките мерки спасиле околу 61.700 животи. Според професорот за епидемиологија Паскал Крепе, кој работеше на студијата, овие бројки се минимални.

„Тие не ги земаат во предвид сите пациенти кои ќе беа починати како последица на неможноста да бидат лекувани во болниците поради нивната пренатрупаност“, вели тој.

Исто така во студијата се појаснува дека за смртноста на вирусот се земени во предвид смртните случаи во болницата, но не и дома, односно бројките за смртните случаи сè уште не се точни. Имено вирусот ковид-19, исто како и грипот имаат влијание врз општата смртнoст.

Епидемиолози Животи Ковид-19 мерки пациенти студија Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.