Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење на Јанкулоска во Тенк: Продолжува сослушувањето на сведоците

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 16:20

Раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, продолжува утре со сослушување на сведоци.

Специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев, во воведен говор на денешното рочиште, наведе дека Јанкулоска сторила злоупотреба на службената положба и овластување.

– Ќе докажеме дека Никола Груевски побарал од обвинетата Гордана Јанкулоска да направи незаконска набавка на „мерцедес гард“ со фаворизирање на операторот Мак Ауто Стар и за исполнување на тоа Јанкулоска ја искористила својата позиција за преку Ѓоко Поповски да изврши таква набавка. Од аудио снимките ќе докажеме дека иако јавната набавка е направена за потребите на МВР, тоа е направено зошто Груевски сакал да се вози во такво ново возило, но јавноста да не знае, изјави Донев.

Јанкулоска, во воведен говор пред Судот, наведе дека иако постапката се одвива во сложени услови, како издвоена од предмет за кој веќе има донесена одлука, сепак ќе ги побијат тврдењата дека со набавката се исполнувани нечии „лични желби“ и ќе докажат дека набавката е согласно стандардите за работа на Министерството.

– Набавката е извршена врз основа на внимателна оценка од служби надлежни за проблематиката за обезбедување лица и согласно важечките прописи. Без оглед на околностите, сепак се работи за случај каде постапката е спроведена на законски начин, рече Јанкулоска.

На денешното рочиште беа сослушани и двајца сведоци, предложени од обвинителството, едниот вработен во Мак Ауто Стар и другиот во Министерството за внатрешни работи.

Адвокатот на Јанкуловска, Боро Тасевски, пред судот изнесе проблем, дека утре во 10 часот има рочиште за овој случај, додека има закажано рочиште во 9 часот и 30 минути за предметот „Насилства во Центар“ каде застапува тројца обвинети, а во 10 часот и 30 минути има јавна седница на Апелација по жалба за одлука за Груевски.

– Сметам дека со ваквото закажувања на рочиштата се нарушува правото на ефективна одбрана. Барам да се одложи утрешното рочиште, истакна Тасевски.

Судијката Кацарска, на тоа кажа дека на утрешната расправа може еден од бранителите да не учествува, но барањето за одложување на расправата не се прифаќа.

– За следните рочишта има повикани сведоци и не може да се одложува, нагласи Кацарска.

За истиот предмет, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор.

Апелација утре ќе одлучува за жалбата на Груевски за овој предмет.

Донев Јанкулоска Макаутостар сведоци тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.