Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето на Кочан одложено за 14.ноември

2
By Влатко Чаловски on November 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу еден час траеше денешниот обид за отпочнување на рочиштето за случајот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Рочиштето е сепак одложено за 14.ноември.

Во судницата денеска беа присутни обвинителите од СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро, сите обвинети, како и претставниците на правните лица со својата одбрана.

Сепак при самиот почеток, адвокатката од одбраната, Сања Алексиќ рече дека кај нив ја нема комплетната документација од обвинителниот акт, односно дека тие не ја добиле листата со докази на која треба да предложат свои.

Веднаш по неа, Бубевски од СЈО пред судијката Лидија Трајковска Зимбовска рече дека СЈО ја завршиле својата работа со тоа што до Советот за утврдување на обвинителниот акт ја поднеле целата документација и тоа во неколку примероци, но дека пропуст е на Судот што не ја доставил до одбраната.

По речиси половина час убедување чија била грешката, обвинителите и адвокатите од одбраната разменија УСБ материјали со листата на докази, така што судот го закажа рочиштето за 14.ноември.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

По двомесечното бегство, откако му беше одредена мерка притвор, Кочан се врати во земјава и си ја обезбеди слободата со гаранција од близу еден милион евра во движен и недвижен имот.

Фирми на Сеад Кочан и Љубисав Иванов – Ѕинго под истрага на СЈО

На 18 октомври Основниот суд Скопје 1, го прифатил обвинителниот акт за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан. Обвинението за „Труст“ е напишано на 57 страници, од кои на 50 се наведени доказите. СЈО за овој случај навело и сослушување сведоци.

одложено Сеад Кочан судење Трансмет Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.