Судијата којшто не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“, сега ќе одлучува за притворите на Грујовски, Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јакимовски, Јанкулоска…

Ивица Стефановски и Горан Бошевски се судиите доделени да одлучуваат по барањата за притвор поднесени од Специјалното јавно обвинителство. Стефановски е судијата којшто не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“. Кај Бошевски веќе се предметите „Транспортер“, „Трезор“ и „Тенк“.

Стефановски во јавноста стана познат по случајот „Монструм“  и судењето на Јован Вранишковски којшто во домашните и меѓународни извештси за човековите права имаше третман на полички затвореник и ги отвори прашањата со религиските слободи во земјава.

Денеска во текот на денот Судот мора да одлучи за притворот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Сашо Мијалков. Во случај да одлучи позитивно по барањето на СЈО, тогаш може да им прати покана да ги сослуша за притвор, а може и веднаш да ги приведе стражарно, со тоа што за Груевски прво треба да побара од Собранието да му укине притворот.

„Таргет“ и „Титаник“ се најголемите предмети на СЈО каде што обвинетите се сомничат за злосторничко здружување.

Досега Кривичниот суд ги одби предлозите за сите судии од Управен суд, а уважени за предлози за „ТНТ“ каде што се одземаат пасоши. Тони Трајковски, Владимир Пешевски и Елизабета Канчевска Милевска од следната недела треба да се јавуваат во суд и да им биде одземена патната исправа.

Нема одлуки за Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Горан Грујевски, Тони Трајковски.