Близу 2000 демонстранти од целиот Балкан, денеска се судрија со грчаката полиција за интервенции во Солун, на протестот против национализмот во регионот.
Полицијата користела солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите. Анархистите се засолниле во внатрешноста на кампусот на Универзитетот во Солун.
Денешниот собир на анархистите беше во организавија откако, како што пишуваат локалните медиуми, крајно-десничарските активисти запалија канцеларии на анархистите во јануари.
Анархистите постојано беа активни со контра-протести додека паралелно се одвиваа протестите на Грците против употребата на името „Македонија“.