Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судска одлука за Владата: Раскинување на договорот за Казандол е законито

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: alsat-m.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 25, 2019 10:33

Управниот суд со одлука во корист на Владата на Република Северна Македонија со која едностраното раскинување на договорот за рудникот „Казандол“ се оценува како законито. Тужбата на друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДОО увоз-извоз Скопје е одбиена како неоснована.

Во пресудата се вели дека, врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право при едностраниот раскин на договорот за концесија со тужителот „Сардич МЦ“.

„Причините се сметаат за основани бидејќи концесионерот во рок од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и по две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар“ се вели во соопштението на Владата по одлуката на Управниот суд.

Фактите, се вели во владиниот допис, се утврдени согласно Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно-приватно партнерство и Договорот за концесија за деталчни геолошки истражувања на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран што двете страни го потпишаа на 27 мај во 2015 година.

Владата на Република Северна Македонија, на крај од соопштението, нагласува дека останува на својот став за поддршка на инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

„Садрич МЦ“ Влада Казандол одлука Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.