Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судски процес – кој го собори авионот МХ17 на „Малезија Ерлајнс“?

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ВЕСТИ
Фото: asiatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2020 14:18

Авионот „Боинг-777“ на компанијата „Малезија Ерлајнс“ со број на летот MХ17 кој на 17 јули во 2014 година полета од амстердамскиот аеродром „Шипхол“ кон Куала Лумпур падна во провинцијата Донбас во источна Украина. Никој од 298. патници и членови на екипажот не преживеа. Според резултатите од истрагата авионот бил соборен, но до денес, никој не ја презеде одговорноста за тоа. Повеќе земји, од кои потекнуваа жртвите, меѓу нив и Холандија и Австралија, побараа меѓународен трибунал за случајот МХ17.

Не е случај за трибунал на ОН

Случајот меѓутоа не стигна пред трибунал на Обединетите Нации (ОН) затоа што Русија стави вето на иницијативата во Советот за безбедност. Затоа, холандската влада одлучи да спроведе судење според националниот закон, бидејќи повеќето жртви (193) потекнуваат од Холандија. Судскиот процес го водат судии на надлежниот суд во Хаг. Поради високиот интерес на јавноста, судењето ќе се одржи во Правниот комплекс „Шипхол“, во близина на истоимениот аеродром кај Амстердам, од каде впрочем полета соборениот авион. Судскиот процес треба да се емитува и во живо преку интернет.

Пет земји спроведуваат истрага

По катастрофата, петте земји со најмногу свои државјани во авионот – Холандија, Австралија, Белгија, Малезија и Украина – формираа заеднички тим за истраги – ЈИТ. Инспекторите утврдиле дека во 16.20 часот по локално време, Боингот-777 бил погоден од противавионска ракета „Бук“ произведена во Советскиот Сојуз. Таа била испалена од оној дел на украинската провинција Донбас, кој беше под контрола на проруските сепаратисти. Ракетниот систем „Бук“ пристигнал таму од Русија и бил вратен во Русија набргу потоа, велат истражителите на ЈИТ.

Резултатите од истрагата се засноваат на изјави на сведоци кои наводно ја виделе ракетата, остатоците од авионот и ракетата „Бук“, сателитски снимки и податоци од радарот, како и фотографии и видеа од транспортот на рускиот ракетен систем до локацијата во Донбас од која била лансирана ракетата. Покрај тоа, има снимки од телефонските разговори на осомничените, кои ЈИТ делумно ги објави. Пред судењето, главниот истражител на Холандија, Фред Вестербеке, изрази уверување дека учеството на Русија во трагедијата е докажано.

Главни обвинети

Меѓународните истражители досега ги објавија имињата на четворицата главни обвинети. Тројца се Руси: Игор Гиркин, поранешниот „министер за одбрана“ на самопрогласената „Народна Република Доњецк“, генерал мајор Сергеј Дубински и полковник Олег Пулатов. Четвртиот обвинет е Украинецот Леонид Харченко (прекар на Мол). Сите четворица отфрлаат каква било одговорност за падот на авионот.

Покрај тоа, истражителите го сомничат и Владимир Земах, поранешниот командант на сепаратистичката единица за противвоздушна одбрана во источно-украинската Снижна. Истражителите експлицитно велат дека не се исклучени дополнителни обвиненија, но досега не е покренато обвинение ни против Земах ниту против некое друго лице досега. Тоа би можел да биде екипажот на ракетен систем „Бук“, кој не го носи името, како и капетанот на руската 53. бригада за противвоздушна одбрана, кој командувал со тој екипаж.

Малку е веројатно дека некој од обвинетите ќе се појави во судницата. Русија не ги екстрадира своите граѓани, а украинецот Харченко веројатно, исто така, добил руско државјанство. Но, ако обвинетите сепак бидат подготвени да дадат искази, тие ќе можат да го сторат тоа преку видео-врска.

Политички чувствително е и тоа што еден висок функционер на руската влада се наоѓа во фокусот на истрагите: Владислав Сурков, поранешен советник на рускиот претседател Владимир Путин, кој неодамна поднесе оставка. Сурков беше неофицијално одговорен за курсот на Кремљ кон Украина. Во 2019 година, истражниот тим на ЈИТ објави бројни снимени телефонски разговори кои, според гледиштето на истражителите, биле поврзани со уривањето на авионот МХ17. Еден од оние чии разговори беа следени и објавени беше Сурков.

Ставот на Русија

Соборувањето на цивилен авион над истокот на Украина доведе до остри санкции на САД и ЕУ кон Русија во летото во 2014 година. Веднаш се појавија сомнежи за вмешаност на Русија. Поточно, сепаратистите поддржани од Москва првично го прославуваа соборувањето на авионот, мислејќи дека станува збор за украински воен авион.

Следниот ден, рускиот претседател Путин ја обвини Украина за катастрофата, велејќи дека не го затворила воздушниот простор за да ја спречи трагедијата. До денес, Русија отфрла какво било учество во катастрофата на авионот МХ17. Но, однесувањето на Русија и нејзината информативна политика се променија со текот на времето.

Прво, руските државни медиуми ширеа повеќе контроверзни верзии за тоа како може да бил соборен авионот. На крајот на 2019 година, директорот на една од најголемите телевизиски станици, Константин Ернст, призна дека неговата станица направила грешка. И производителот на противвоздушниот систем „Бук“, рускиот концерн „Алмас-Антеи“, наводно спровел сопствена истрага и соопшти дека ракетата била истрелана од област под контрола Киев. Москва не ги признава резултатите од истрагата на ЈИТ.

Но, во февруари 2020 година беше објавено дека Русија им понудила на Холандија тројцата обвинети Руси да ги изведе пред суд во Русија. Холандските власти го отфрлија ова.

авион Малезија Ерлајнс ПРОЦЕС Суд Украина Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.