Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет ја одложи седницата за одговорноста на судиите

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 27, 2018 13:28

Судскиот совет утре нема да одлучува за избор на претседател на Апелацискиот суд во Скопје, ниту пак ќе ја продолжи расправата по претставките за одговорност на неколкумина судии. За утре закажаната седница е одложена поради, како што се наведува во писменото известување, службено отсуство на претседателот и на дел од членовите.

За прв човек на Апелација има најмалку седум кандидати, но оние кои се вртат во јавноста се на Огнен Ставрев и Гордана Спиревска.

Од 15 овој месец Судскиот совет ја започна постапката за утврдување одговорноста на неколкумина судии.

Дури 270 претставки против судии во моментов се наоѓаат пред Судскиот совет.

-Моментално пред Судскиот совет се покренати постaпки за разрешување на пет судии. Како што ќе се разгледуваат етапно овие 217 претставки, така ќе се знае за евентуални нови постапки за разрешување на судии. Дел од овие 270 поднесени претставки се поплаки од незадоволни граѓани, странки во судските постапки, што секако нема да преминат во постапки за разрешување, изјави тогаш претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Засега не се откриваат нивните имиња, но имајќи предвид дека барањата се наследени од Советот за утврдување факти, кој беше укинат, но јавно објави за кого ќе бара одговорност, веројатно тоа се дел од петчлениот кривичен совет на Врховниот суд, кој го ослободи од притвор бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО.

На забелешката дека е можно одолговлекување на постапката, претседателот на Судскиот совет Караџоски уште на претходната седница рече дека има механизми тоа да не се дозволи.

-Често пати се случуваат проблеми со доставувањето на писмената и поканувањето, но законот предвидел добри механизми, такашто сметам дека нема долго да трае постапката кај тие комисии, а по завршувањето на дејствијата на комисиите рокот за доставување во кој што треба да поднесе извештај до Советот е 15 дена, рече Караџоски.

Токму Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите се на денешната владина седница.

Во образложението на предложените законски измени за Судскиот совет се вели дека основната цел на Законот е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите на секои две години.

Апелација Караџоски разрешување Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.