Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суми: Во руски напад врз Украина загинаа две деца и триесетина други граѓани

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 14, 2025 07:41

Украинската државна служба за итни случаи издаде ново соопштение во кое се вели дека најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинале во нападот утринава врз градот Суми.

Службата посочува дека во денешниот напад се повредени 170 лица, вклучително десет деца. Спасувачките работи продолжуваат на местото на настанот, се додава во соопштението.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха реагираше на нападот кој е изведен на Цветници, во време кога луѓето одат во црква. – Изведувањето на ваков напад за време на голем христијански празник е апсолутно зло, оцени Сибиха. Тој додаде дека официјалните лица „споделуваат детални информации за ова воено злосторство“.

Сибиха, исто така, ја критикуваше Русија за одбивањето на предлогот за прекин на огнот од САД и ги повика партнерите на Украина да го зголемат притисокот врз Москва. – Силата е единствениот јазик што тие го разбираат и единствениот начин да се стави крај на ужасниот терор, оцени тој.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека смртоносните напади биле извршени со балистички ракети и повика на „силен одговор од светот“ во изјавата. „Русија сака токму ваков терор и ја продолжува оваа војна“, рече Зеленски. „Без притисок врз агресорот, мирот е невозможен. Разговорите никогаш не ги запреле балистичките ракети и бомбите. Треба да се однесуваме кон Русија онака како што заслужува терорист“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Деловите од Суми погодени во нападот утринава се во близина на три театри, универзитетска болничка клиника, конференциски центар, теретана и концертна сала. Нема воени цели во погодената област во рамките на познатата зона на прецизност на ракетата Искандер-М, која се проценува на 30-70 метри, што, според украински медиуми, укажува на тоа дека станува збор за намерен напад на цивили.

Нападите го погодиле центарот на градот на Цветници, додека жителите присуствувале на црковни служби на еден од најфреквентните денови за одење во црква во годината, според украинската министерка за економија Јулија Свириденко.

Две балистички ракети беа истрелани од Русија во центарот на градот, рече Володимир Артјух, шеф на воената администрација во регионот. Во тој момент, многу луѓе беа на улица, рече тој. Непријателот се надеваше дека ќе нанесе најголема штета на луѓето во градот Суми.

Артем Кобзар, в.д. градоначалник на Суми, ја потврди бројката на загинати, велејќи: Многу луѓе се убиени денеска како резултат на ракетниот напад.

Видео објавено од министерот за внатрешни работи Ихор Клименко покажува пожарникари кои реагираат на местото на настанот, гасејќи запалени автомобили и евакуирајќи жена од нејзиниот дом. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат уништени згради, разнесени прозорци и купишта урнатини. На земјата можат да се видат тела покриени со ќебенца за итни случаи.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја Калас го нарече инцидентот „ужасен пример за Русија која ги засилува нападите додека Украина прифати безусловен прекин на огнот“.

Русија во последните недели ги зголеми воздушните напади и ракетните удари врз регионот Суми, додека ги истиснуваше украинските сили од поголемиот дел од соседната руска територија Курск. Нејзините сили исто така окупираа неколку мали населби веднаш до регионот Суми.

 

 

загинати напад руски Суми Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.