Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суперкуп: Пазарна инспекција не реагира, навивачите ќе спијат по куќи

0
By Нова ТВ on July 17, 2017 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 17, 2017 17:00

Државниот пазарен инспекторат нема направено вонредни контроли во хотелите и мотелите во Скопје во пресрет на Суперкупот. Оттаму велат дека досега до нив немало поплаки од граѓани дека им биле откажани резервациите на навивачите кои на 8 август во голем број ќе допатуваат за да го гледаат дербито на најдобрите фудбалски клубови во Европа – Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Иако веќе две недели медиумите не само во Македонија, туку и во Англија пишуваат дека угостителите во Скопје во деновите пред и за време на Суперкупот ги вивнаа цените за ноќевање и над 1000 евра, од Пазарниот инспекторат велат дека тие работеле според годишен план и за вонредна инспекција ќе излезат само ако има пријава за конкретен објект.

Во небрано се најдоа особено навивачите на Манчестер Јунајтед кои во Скопје за Суперкупот ќе пристигнат во бројка од 8000 до 10000. Најголем дел од Англија, но и од целиот Балкан.

„Дел најверојатно ќе преспијат во околните градови или држави. Настана проблем околу сместувачките капацитети на претходно резервирани соби. Луѓето имаа резервации уште во мај и без посебно образложение дека ќе се откаже, самиот хотел или хостел им ги откажуваат собите за да ги препродадат поскапо. Фан групата на Словенците на Манчестер Јунајтед брои околу 60 лица. Имаат уште од мај резервирано и сега им ги откажуваат резервациите поради невалидна картичка на господинот кој резервирал. Сумата беше првичната, сега е неколку пати повисока. Им бараат самите да ја откажат откажат, но тие велат дека нема да ја откажат.Ни кажаа дека е контактирана амбасадата на Словенија и дека ќе си го решат проблемот по службена должност. Покренавме иницијатива како фан клуб на Манчестер од Македонија кој колку може да помогне. Некои од навивачите ке бидат сместени кај пријатели, добивме и пораки од граѓани без разлика дали се навивачи на Манчестер, имаше понуди за сместување и од други клубови за да им се помогне на луѓето“, вели за НОВА ТВ, Васко Кочковски од Фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија.

За разлика од навивачите на Манчестер Јунајтед, ривалите од Реал Мадрид немаат поголеми поплаки за сместувањето во Скопје. Тие доаѓаат во далеку помал број, а како дестинација во која ќе преспијат ја одбрале Софија. И тие сакале да ноќеваат во Скопје, но кога ги слушнале цените, сепак се решиле за Бугарија, бидејќи таму цените на резервациите останале исти.

„Со клубот контактираме. Подготовките за Суперкупот се во завршна фаза, од техничките и од подготовката на навивачките реквизити за натпреварот. Бројката не е дефинирана официјално. Бројката на навивачи на Реал Мадрид во Скопје би требала да биде 1.500. Навивачите на Реал Мадрид не сакаат да одат многу на гостувања. После сезоната што ја имавме успешна изминатата сезона, сигурно не би сакале да патуваат до Скопје нема директна линија Треба да се патува преку Софија. Треба да се патува до Софија, Шпанците не се љубители многу на малтретирање и порадо би го потрошиле времето на годишен одмор. Се пожалија дека има зголемување на цените. Голем дел ќе бидат сместени во Софија, по натпреварот ќе заминат таму. До сега барања за обезбедување на сместување имаме, но тоа се многу малку“, вели за НОВА, Дарко Василевски од фан клубот на Реал Мадрид во Македонија.

 

Фан клубовите на Манчестер и Реал се официјално регистрирани и имаат одлична соработка со централите во Англија и Шпанија. За 8 август најавуваат одлична забава низ Скопје преку целиот ден, а вечерта велат нека победи подобриот. Љубителите на фудбалот и хотелиерите со душа го чекаат престижниот настан, едните за да ги видат најскапите фудбалски ѕвезди, другите за да ги соголат нивните навивачи.

 

Државен пазарен инспекторат Манчестер Јунајтед навивачи Реал Мадрид Скопје Супер куп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.