Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоци во Тенк: Старото блиндирано возило на Груевски беше „канта“

2
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешното рочиште за случајот „Тенк“ на СЈО почна со сослушување на сведокот Љупчо Цековски, вработен во МВР. Покрај него денеска како сведоци на одбраната во Кривичниот суд во Скопје се присутни уште десетина лица, како и обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која е обвинета во случајот, не е присутна, бидејќи на минатото рочиште за неа беше издвоена постапката поради ризична бременост.

Сведокот Љупчо Цековски кој бил член на обезбедувањето на Груевски рече дека поранешниот премиер се возел со старо блиндирано возило кое често се расипувало.

Тој раскажа случка од 2015 година кога Груевски требало да се вози од неговот дом до Владата, а блиндираното возило не сакало да стартува, поради што тогашниот премиер бил возен во друго несоодветно возило. Додаде дека често се случувало да има дефект на возилото и за негова поправка се чекало по еден месец. Тогаш, како што рече сведокот, возила се позајмувале од МВР.

Вториот сведок Маријан Тушевски, исто така, вработен во МВР, од 2017 година го обезбедувал Никола Груевски.

И Тушевски кажа дека блиндираното возило често се расипувало и оти во една прилика кога го однеле на сервис мајсторот им рекол „уште ли ја користите оваа канта“. Рече дека дознал оти е купено ново блиндирано возило кога во посета на Македонија беше поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, кој се возел во новото возило.

Тушевски додаде дека новиот мерцедес се користел по потреба кога старото блиндирано возило било во дефект. Тој, како и претходниот сведок, рече дека мерцедесот бил користен за странски делегации.

Пред Судот исказ даде и третиот сведок Ацо Јаневски исто така вработен во МВР, кој бил личен возач на Груевски.

 

Јаневски рече дека често се соочувале со механички проблеми од кои како главен проблем биле гумите на возилото, барајќи такви гуми веќе не се произведувале и морале да стават други, со што како што додаде, била загрозена безбедноста на премиерот.

– Такви неисправни возила не треба да бидат во употреба, рече Јаневски, додавајќи дека сугерирале до надлежните дека возилото не е за користење и оти треба да се најде соодветна замена.

 

Предметот „Тенк“ на СЈО се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, а обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Никола Груевски обезбедување сведоци СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.