Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Дневен рекорд од 262.929 новозаболени со Ковид-19 во светот

0
By Нова ТВ on August 3, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 262.929 случаи на Ковид-19. Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851, па сега има вкупно 680.894 лица кои починале како последица на коронавирусот, а бројот на заразени се искачи на 17.660.523 милиони луѓе. Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци од земјите.

Најголем број на инфицирани лица или 9.476.763 милиони се регистрирани во Јужна и во Северна Америка. Бројот на заразени лица за едно деноноќие во тој дел од светот се зголемил за 156.433, а бројот на починати порасна за 3.963, па вкупниот број на смртни случаи е 359.180.

Во Европа се потврдени вкупно 3.375.535 милиони случаи на Ковид-19 и вкупно 213.284 смртни случаи. Во изминатите 24 часа, бројот на новозаболени се зголеми за 17.419 луѓе, а бројот на смртни случаи за 323.

Во Југоисточна Азија за еден ден се потврдени 58.971 случаи и 937 лица кои починале од последици на Ковид-19. Вкупниот број на заразени лица во тој регион се искачи на 2.131.165 милиони луѓе, а од почетокот на пандемијата починале 45.837.

Лидер по бројот на заразени лица се САД со 4.523.888 милиони потврдени случаи по кои следат Бразил со 2.662.485 милиони случаи и Индија со 1.750.723 милион заразени луѓе.

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, петта е Јужноафриканската Република со 503.290 инфицирани лица, потоа Мексико со 424.637 заболени и Перу со 407.492..

Меѓу првите десет земји во светот по бројот на заразени лица се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 заболени и Велика Британија со 303.956 заразени со Ковид-19.

заболени Ковид-19 Починати Свет СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.