Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Не е јасно дали треба трета доза вакцина против Ковид-19

0
By Ivana on July 9, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 16:17

Светската здравствена организација соопшти дека не е јасно дали трета доза вакцина против Ковид-19 за одржување на заштитата од коронавирусот, јави Гардијан.

Во изјава испратена до Си-Ен-Ен, Фајзер/Бионтек соопшти дека имунитетот на луѓето почнал да слабее шест месеци откако биле вакцинирани.

Фајзер/Бионтек вчера соопштија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори да одобрат довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, која прво беше идентификувана во Индија.

– Не знаеме дали ќе бидат потребни засилувачки вакцини за да се одржи заштитата од Ковид-19 се додека не се соберат повеќе податоци, но ова прашање го решаваат истражувачите, соопшти СЗО како одговор на прашање на Ројтерс. „Достапни се ограничени податоци за тоа колку трае заштитата со сегашните дози на вакцина против Ковид-19 и дали дополнителна засилена доза би била корисна и за кого“, се вели во соопштението.

Директорот на одделот за истражување и развој на Фајзер Микаел Долстон изјави дека првичните податоци од студиите на компанијата покажуваат дека трета засилувачка доза генерирала нивоа на антитела кои биле пет до десет пати поголеми отколку по втората доза, што сугерира дека третата доза ќе понуди ветувачка заштита.

Недостигот на долгорочни податоци, како што обично се случува со вакцините, е причината што Фајзер дури сега учи за овие проблеми со нивната вакцина во две дози.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во заедничката изјава ја отфрлија изјавата на Фајзер и истакнаа дека на Американците кои се целосно вакцинирани, не им треба засилувач.

Вакцина СЗО Трета доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.