Browsing: акција

Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ e откриено дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (двe вина) и Чиле (двe вина)

Со издавање на информациите однапред и соопштувањето на министерот Чулев дека станува збор за огромна акција, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани дека во тој момент во нашата земја се одвива акцијата, вели дополнителна министерка за внатрешни работи во гостување на „360 степени“

Главниот технички преговарач на Македонија со Европската Унија во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М изрази убедување дека техничкиот министер за внатрешни работи нема да најде решение за проблемот со издавање на патни исправи

Техничкиот министер за внатрешни работи за синоќешната полициска акција во село Крушопек истакна дека во еден од пакетите со банани било пронајдено правоаголно пакување со бела прашкаста материја што било залепено со зелена трака и додаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу 3.000 евра, 700 долари и 188.000 денари, „Ивеко“ товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди

Првичните информации за случајот се однесуваат на тениско игралиште во државна сопственост што на нелегален начин било легализирано, а подоцна и приватизирано за потребите на спортското здружение „Љуботен“ во период во кој негов претседател бил Теофиловски. Од Обвинителство за Нова ТВ ја потврдија акцијата и најавија официјално соопштение во текот на денот

Државната администрација денеска се приклучи на еко-акцијата на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“  како начин за одработување на неработниот ден 2 јануари. Во главниот град се чистеше на 20-тина локации меѓу кои езерцето „Треска“ во Сарај, тврдината на Кале, на Водно, во околина на Собранието, долж целата улица „Македонија“, во реонот на МКЦ и на МТВ, касарната „Илинден“, кејот на Вардар, итн

Дел од приведените, како што изјави Сузана Прањиќ Талевска, се поврзуваат и со неодамнешното пукање во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Во денеска акција, врз основа на судски наредни се извршени претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар