Browsing: Арсенал

„Топчиите“ се наоѓаат во криза и среде низа од седум порази, а последниот го претрпеа од Ајнтрахт Франкфурт (1:2) на домашен терен во Лига Европа. Англиските медиуми нотираат дека под водство на Емери, клубот ја бележи најлошата серија од 1992 година

Бразилскиот стопер се пресели во тимот од Северен Лондон од екипата на Челзи за осум милиони фунти. На „Емирати“ ова лето пристигнаа и Николас Пепе од Лил за 80 милиони евра, Киран Тирни од Селтик за 27 милиони евра и Дани Себалјос како позајмен фудбалер од Реал Мадрид

„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони

„Сините“ по подобро изведување на пенали го елиминираа Ајнтрахт Ф. со 4:3 по нерешените 1:1 во основниот дел во Лондон како што заврши и дуелот во Франкфурт додека Арсенал и на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 4:2

„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона

„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта