Browsing: Атлетико Мадрид

Бројни трансфери меѓу најсилните европски фудбалски клубови донесе самата завршница на летниот преоден рок. Најсилно одѕвони враќањето на францускиот репрезентативен напаѓач,…

Шпанскиот претставник го совлада европскиот првак со 1:0 во меч во кој погодокот на Саул од четвртата минута се покажа како решавачки на стадионот „Ванда Метрополитано“. Норвежанецот Ерлинг Халанд со два гола им донесе триумф на „милионерите“ против ПСЖ

„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне

Португалецот ги постигна сите три гола во триумфот над Атлетико Мадрид во 27. минута, во 48. минута и во 86. минута од пенал за осми трострел во кариерата во Лигата на шампиони. „Граѓаните“ немилосрдни против бундеслигашот на „Етихад“ над кого славеа со 7:0

Шпанскиот претставник со два гола во второто полувреме го совлада Јувентус (2:0), „граѓаните“ на Пеп Гвардиола подобри од Шалке со 3:2 со пресврт во финишот на средбата иако од 68. минута играа без исклучениот Отаменди. Реваншите ќе се одиграат на 12 март

Аргентинскиот менаџер го продолжи договорот со „јорганџиите“ за дополнителни две сезони (актуелниот му завршуваше во летото во 2020 година) со што стави крај на медиските поврзувања со Интер, со Манчестер јунајтед и со Челзи

Баварците решија да ја активираат откупната клаузула од неговиот договор со „јорганџиите“ што изнесува 85 милиони евра и да го направат најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра. Досегашниот рекорд го држеше Вирџил ван Дајк кој од Саутемптон се пресели во Ливерпул за 78,8 милиони евра

Популарните „јорганџии“ во 13. европско финале во клупската историја го совладаа Олимпик Марсеј со 3:0. Два гола за тимот на Диего Симеоне постигна Антоан Гризман (21. минута и 49. минута), третиот за потврда на победата на „Стад де Лион“ беше дело на Габи во 89. минута

Тимот од Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 за трето европско финале во последната декада што го дофати и францускиот прволигаш од Марсеј со гол во 116 минута против Салцбург. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел со 2:0, резултат со кој и Олимпик славеше како домаќин