Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се намачи против Раониќ, но успеа: Мареј прв финалист во Лондон

0
By Нова ТВ on November 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 19, 2016 19:13

Енди Мареј е прв финалист на АТП Мастерсот во Лондон. Британецот, по голема драма, го совлада Милош Раониќ со 5:7, 7:6, 7:6 во меч што траеше три часа и 38 минути што е рекорд на завршните турнири во сезоната. Негов противник во мечот со титулата ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори што се игра вечерва по второто полуфинале во двојки меѓу Џејми Мареј и Бруно Соареш и Рајев Рам и Равен Класен.

Мареј одлично го почна мечот. Првите два гема на свој сервис ги доби без загубен поен по што следуваше стагнација во неговата игра. Раониќ пропушти една брејк топка во петтиот гем и уште три во деветтиот, но успеа, сепак, да излезе на крај со првиот светски рекет. Ја искористи петтата шанса во 11 гем за водство со 6:5, брејкот го потврди во наредниот гем за водство со 1:0 во сетови.

Фото: eurosort.com
Фото: eurosport.com

Вториот сет донесе уште поголема борба и драма. Канаѓанецот спаси гем на свој сервис и во следниот, од втор обид, успеа да одземе сервис за предност со 2:1. Тоа како да беше причина за Британецот да се размавне. Експресно врза осум поени и направи пресврт за водство со 3:2. Од тој моменти  и двајцата тенисери почнаа да играат посигурно, па одлуката на чија страна ќе заврши сетот падна во тај-брејк. Мареј покажа пповеќе нерви и со комбинација на форхенди и излегувања на мрежа стигна до 4:1. На тоа возврати Раониќ и по 10 поен успе да израмни на 5:5, но не издржа. Наредните две поена ги доби миленикот на публиката во „О2 арена“ за 7:5 и израмнување на 1:1.

Фото: cbc.com

Загубениот сет не го депримира Раониќ кој подобро го отвори решавачкиот период од полуфиналето. Го остави Мареј на нула при двата свои гем сервиси за 2:1, а во меѓувреме не искористи и брејк топка. Но, држеше ритам и во добар дел го диктираше. Релативно сигурно ги решаваше своите сервиси, му создаваше проблеми на Мареј при неговите иако брејк немаше. Тенисерот со црногорско потекло си обезбеди 0:30 во осмиот гем меѓутоа и водечкиот на АТП листата беше на одлично нив на концентрација. Нанижа три поени во низа и со ас израмни на 4:4. Дека е така покажа во наредниот. Го остави Раониќ на нула, направи брејк за 5:4 и доби сервис за меч што, сепак, не го искористи и дозволи нов егал за 5:5. Но, разочарувањето во салата набрзо го амортизира. Направи нов брејк за ново водство и нов сервис гем за победа и повторно не успеа. Четирите брејка во низа значеа и нов тај-брејк.

Како заврши основата на третиот сет, така почна и неговиот продолжение. Со два мини брејка. Потоа, воглавно, се играше поен за поен до втората промена на страните. Раониќ спасуваше меч топки, но четвртата не успеа за 11:9 или 7:6 или 2:1 за Британецот за осма победа во меѓусебните дуели.

АТП Мастерс Енди Мареј Лондон Милош Раониќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.