Browsing: Беса

Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција

Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме нејзина полноправна членка. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев

Различните таргетирани групи гласачи ќе се привлекуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, но и Пинтерест), особено младите и неопределените. Популарноста на телевизиите не се намалува и покрај популарноста на онлајн медиумите, но тука се и радијата. За претставување на кандидатите и партиските програми се користат и печатени материјали и билбордите на кои веќе осамнаа пораки за поддршка

САД упатуваат еден вид порака дека тој модел на предизборно коалицирање може да  биде фактор за подобро внатрешно интегрирање на земјата и за нејзина поголема политичка стабилност, вели професорот Спасов по посетата на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, на Вашингтон

Беса е првата албанска партија која го надмина досегашниот амортизиран концепт на домашната политика – етничките гласови да се употребуваат најмногу како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалициии, порача лидерот на СДСМ по потпишувањето на Декларцијата за заеднички настап со Движењето БЕСА на изборите на 12 април

Пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели беше на службено патување и затоа не присуствуваше на Комисијата за избори и именувања кога се гласаше за членови на Судскиот совет. Нема политичка заднина. Ние се обидуваме да делуваме конструктивно во Собранието, не сакаме да ги блокираме процесите, вели за НоваТВ, Касами