Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Анадолија“: Три сценарија за формирање на новата влада во Македонија

0
By Нова ТВ on July 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 24, 2020 12:54

Како што вообичаено е случај во Северна Македонија, преговорите за формирање на идната владина коалиција по парламентарните избори одржани на 15 јули, најверојатно ќе бидат долги и сложени, оценува турската агенција „Анадолија“ во својот осврт на изборите во земјава. Според агенцијата, математички се можни три сценарија кои би имале различни импликации врз иднината на земјата.

„Првото и најверојатно сценарио е победниците во македонскиот и во албанскиот камп, односно СДСМ и ДУИ да се здружат и да формираат коалиција. Изводливоста на оваа опција, сепак, ќе зависи од подготвеноста на Беса да коалицира со ДУИ, имајќи предвид дека од секој аспект Беса е опозит на ДУИ, но и од спремноста на ДУИ да отстапи од ветувањето за прв албански премиер“, оценува „Анадолија“.

Според авторот на текстот, учеството на ДУИ во ваквата влада „ќе ги намали шансите за каква било значајна реформа во воспоставување на владеење на правото и во борбата против неконтролираната корупција и заробената држава.

„Второто сценарио е коалицијата СДСМ-Беса да се здружи со коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, со екстремно левичарската Левица и со ДПА. Иако, попожелна поради здружувањето на двете прозападни реформски коалиции, надминувањето на разликите при ваквата опција ќе биде потешко отколку кај првото сценарио“, наведува агенцијата.

Според „Анадолија“, сепак, малку е веројатно дека ДУИ ќе прифати да биде изоставена од владеачката коалиција имајќи предвид дека е „победник во албанскиот камп“, а исто така ќе биде тешко да се убеди екстремистичката Левица да учествува во една прозападна реформска коалициска влада.

„Третата, последна и најмалку веројатна опција е ВМРО-ДПМНЕ да формира коалиција со ДУИ, Левица и ДПА“, се наведува во текстот.

Авторот на анализата смета дека ова е најлошото сценарио поради неговите импликации врз евроатлантската иднина на земјата, имајќи предвид дека „во текот на нивните претходни осум години непрекинато владеење од 2008 година до 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ западнаа во неконтролирана корупција и доведоа до заробеност на државата“.

„Евроатлантскиот пат на земјата беше успорен од прорускиот став на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот антички популистички проект, што својот врв го достигна со екстравагантниот проект за урбана обнова „Скопје 2014“. Поради овие причини, веројатно ќе има силен меѓународен притисок да не дојде до оваа опција“, се оценува во анализата на Анадолија.

Агенцијата смета дека ако СДСМ-Беса и ДУИ не успеат да се договорат за формирање на нова влада, најверојатно ќе следат предвремени парламентарни избори.

„Сепак, дури и ако биде формирана коалициска влада СДСМ-Беса-ДУИ, шансите за значајни реформи се слаби, имајќи го предвид учеството на ДУИ во неа и тесното мнозинство на коалицијата во Собранието“, се заклучува во анализата.

Анадолија анализа Беса Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2020 Македонија СДСМ сценарија Формирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.