Browsing: безбедност

Францускиот претседател денеска изјави дека ако резултатите од извештајот на Комисијата на ЕУ во март бидат позитивни, тој ќе поддржи започнување на преговорите за Северна Македонија и за Албанија за членство во Унијата

На крајот на 2018 година, направени се измени во Законот за јавните патишта на Македонија во согласност со европските директиви, со што државата е должна државните патишта да бидат предмет на ревизија во однос на безбедноста

Ова, меѓу другото, го истакна претседателот на државата по вториот состанок на Националниот Совет за безбедност на кој за првпат се разговараше и за аерозагадувањето. Од аспект на безбедноста е оценето дека состојбата со сите контингенти со македонски војници во странство (БиХ, Либан и Авганистан) е редовна, а екипирањето на ОТА се одвива со посакуваното темпо. Од стандардниот состав на Советот за безбедност беа отсутни само двајца членови – претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради обврски во Парламентот и професорот Трајан Гоцевски од здравствени причини

Официјална Виена, која подолг период се ангажира на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот на регионот што Бугарија го насочи за време на своето претседавање, а една од целите ќе биде и подобрување на односите на Унијата со земји како што се Русија и Израел