Browsing: Бугарија

СЗО денеска пак предупреди да не се брза со либерализација на рестриктивните мерки: додека не биде пронајдена вакцина, прилагодувањето кон епидемијата ќе стане „новата нормалност“

Навремено плаќање на комуналните услуги претставува проблем за една третина или 36 отсто од гршките домаќинства, покажува новото годишно истражување на јавното мнение на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC). На второ место е Бугарија со 30 отсто од домаќинствата кои не се способни навремено да ги плаќаат своите сметки во последните 12 месеци

Ангелов тврди дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и негира дека како директор на „Дрисла“ соработува со бугарската компанија каде е дел од сопственичката структура

Пред првиот ја доведоа фудбалските репрезентативци кои на стадионот „Васил Левски“ во Софија загубија од Англија со 0:6 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, пред вториот ја доведоа група навивачи со нивните расистички извици и нацистички поздрави. Премиерот Борисов побара оставка од првиот човек на Фудбалскиот сојуз, Борислав Михајлов што и ја доби. УЕФА најави остри санкции кон источниот сосед, а можно е исклучување на националниот тим од циклусот

Бугарското ВМРО, чиј лидер е тамошниот вицепремиер, во соопштение до медиумите вели дека „Скопје не сака да признае оти Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него“. Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“

Според истражувањето, 42,7 % од испитаниците сметаат дека македонската страна добро ги водела преговорите, направените компромиси се неприфатливи за 49,1% од испитаницните додека 36.9 отсто ги поддржуваат македонските граѓани кои аплицираат за бугарски пасоши, а 35,1% отсто се изјасниле против