Browsing: Четврт-финале

Чешката тенисерка во четврт-финалето ја порази Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1, Американката беше подобра од сонародничката Алисон Риск со 6:4, 4:6, 6:3. Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Денеска ќе познати и машките полуфиналисти на „All England Club“. Ѓоковиќ ќе игра против Гофан, Федерер со Нишикори, Надал со Квери, а Пелја со Баутиста Агут

„Црвено-црните“ излегоа како севкупни победници во четврт-финалниот двомеч со ПИК Сегед и покрај триумфот на Унгарците на домашен терен со 29:25 (полувреме: 17:9). Залихата што вардарци ја складираа во првиот меч во Скопје, сепак, беше недостижна за составот на Хуан Карлос Пастор во реваншот

Плус осум ќе понесе европскиот првак од 2017 година на реваншот во Унгарија во четврт-финалето во Лигата на шампиони по убедливите 31:23 (полувреме 14:12) во последниот настап на актуелниот состав на „црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“

Каталонците триумфираа против Нант на Кире Лазаров со 32:25 и, речиси, се сигурни учесници на Фајналфор пресметките во „Ланксес арена“ во Келн на 1 и на 2 јуни. Веспрем, пак, славеше на мегданот на Фленсбург со 28:22

„Кралевите“, кои патем се и актуелни шампиони на континентот, со 3:0 ја добија четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако и вечерва во Атина го совладаа грчкиот состав со 89:82. Фенербахче, пак, поведе со 2:1 во четвртфиналтната серија со Жалгирис по триумфот во Каунас со 66:57