Италија е втор полуфиналист на Европското првенство во фудбал и за пласман во големото финале, во вторник на „Вембли“, ќе игра против Шпанија.

„Азурите“ во четврт-финалето, вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен, ја совлада Белгија со 2:1. Николо Барела во 33-та минута и Лорензо Инсиње во 41-та минута беа стрелци на погодоците за тимот на Роберто Манчини, единствениот за „црвените ѓаволи“ беше дело на Ромелу Лукаку од пенал во екстра времето на првиот дел.

Шпанија, претходно, по подобро изведување на пенали ја елиминира Швајцарија.

Утре на програмата се и преостанатите два четвртфинални меча. Од 18 часот ќе играат Данска – Чешка, а во вечерниот термин (21 ч.) ќе се пресметаат и Украина против Англија.