Барбора Стрицова го има најдобро учество на гренслем турнирите во нејзината 34 година од животот. Чешката тенисерка за првпат ќе игра во полуфинале на Вимбдлон по вториот триумф во кариерата над Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1 до кои стигна за еден час и 35 минути игра.

За пласман во големото финале ќе игра против Американката Серена Вилијамс која во четврт-финалето славеше над Алисон Риск од САД со 6:4, 4:6, 6:3.

Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Романката со 7:6, 6:1 во топ 8 фазата ја елиминира Кинеска Жанг, а Украинката беше подобра од Каролина Мухова од Чешка со 7:5, 6:4.

Среда е деветти натпреварувачки ден на Вимблдон и резервиран е за четвртфиналните мечеви во машка конкуренција. Од (14 ч.) на терен ќе излезат Србинот Новак Ѓоковиќ и Даниел Гофан од Белгија како и Аргентинецот Гвидо Пелја и Шпанецот Роберто Баутиста Агут. По нив ќе следуваат и дуелите на Роџер Федерер со Кеи Нишикори, односно, на Рафаел Надал против Сем Квери од САД.

Вимблдон 2019, четврт-финале

Жени

Халеп (7., Романија) – Жанг (Кина) 7:6, 6:1

Свитолина (8., Украина) – Мухова (Чешка) 7:5, 6:4

С. Вилијамс (11., САД) – Риск (САД) 6:4, 4:6, 6:3

Стрицова (Чешка) – Конта (19., В. Британија) 7:6, 6:1

Двојки за четврт-финале, мажи (среда)

Ѓоковиќ (1., Србија) – Гофан (21., Белгија)

Федерер (2., Швајцарија) – Нишикори (8., Јапонија)

Надал (3., Шпанија) – Квери (САД)

Пелја (26., Аргентина) – Баутиста Агут (23., Шпанија)