Полуфиналната фаза на Копа Америка носи и јужноамериканска фудбалска класика. За едно од местата во големото финале ќе играат Аргентина и Бразил. Дербито е во среда во Бело Хоризонте.

„Гаучосите“ во четврт-финалето ја елиминираа Венецуела со 2:0 со головите на интеровиот напаѓач Лаутаро Мартинез во 10. минута и на членот на Бетис, Џовани Ло Селсо во 74. минута.

„Кариоките“, пак, по подобро изведување на пенали во четврт-финалето го совладаа Парагвај. Голови немаше во основните 90. минути и во дополнителни пола часа игра, па победникот се реши преку удари од белата точка пришто домаќинот на турнирот славеше со 4:3.